Дијабетес и оштетување на бубрезите

Една од многу честите компликации на дијабетесот е дијабетската нефропатија, болест што ги напаѓа бубрезите, се развива многу бавно и трае со години. Ова заболување претставува една од водечките причини за откажувањето на работата на бубрезите. Процентот на заболени е многу голем, па кај еден од вкупно тројца пациенти со дијабетес ќе се појави и оштетување на бубрезите. Д-р Љупчо Стојковски, нефролог, објаснува пациентите кои имаат нефропатија најчесто ги чувствуваат следниве симптоми: појава на отоци на нозете, а може да се прошират и по целото тело, покачен крвен притисок, слабост, повраќање, главоболки, болки во грбот.