Консумирајте свежо сезонско овошје

Природата ни овозможува преку целата година да се храниме правилно, несебично нудејќи ни ги своите прекрасни плодови кои секогаш ни се на дофат. Се работи само за тоа дали сакаме или не сакаме да ги вкусиме во целост придобивките од истите. Многумина се сведоци дека лошите навики не е лесно да се сменат. Полесно е да посегнеме по нешто што набрзина ќе нè засити, нешто што ќе го подготвиме за десетина минути, не размислувајќи колку лоша услуга си правиме, особено кога се во прашање нашите деца. Или секој нареден пат си велиме – само уште денес, немам време во моментов за да приготвам нешто здраво.