Зошто пливањето е идеален спорт за секое дете?

Пливањето претставува единствената физичка активност со која треба да се запознае секое дете уште во најраната возраст. Тоа е спорт кој се изведува во вода, и буди убави и среќни емоции кај децата. Насекаде во светот пливањето е задолжителен предмет во основното образование, кој овозможува кај децата да се развијат и усовршат пливачките техники, а воедно и да се оспособат децата сами да се одржуваат на вода.