Разладување со храна
Живата на термометарот расте. Прво по што посегате се ладните газирани пијалаци и далечинското од вашиот клима уред. Но, треба да внимавате, брзото разладување може да доведе до спротивен ефект. За да се чувствувате пријатно и освежени во лето потребна ви е полесна исхрана и многу хидратација. Како да ги преживеете летните температури, совет побаравме […]
Воспаленото уво може да ви го уништи одморот
Летните месеци се период на годишни одмори, период кога сите уживаме во топлото време, а пливањето е една од нашите омилени активности. Преголемото количество влага во слушниот канал, во комбинација со малите гребнатинки на кожата на каналот кои ги предизвикуваме при чепкање на ушите со памучни стапчиња или различни предмети создаваат идеални услови за развој на воспаление.
Пред поаѓање на годишен одмор, посетете го вашиот оториноларинголог. Тој ќе ја провери состојбата на вашите уши и ќе ви даде практични совети како да се заштитите од несакани инфекции кои можат да ви го искомплицираат годишниот одмор.