Совети за правилно и здраво трчање

Трчањето е наједноставна и најекономична физичка активност со која без гладување ќе ослабете здраво и ќе го затегнете вашето тело. Покрај ова ќе ви годи и престојот во природа на свеж ваздух и на пролетното сонце. Ако подолго време не сте биле физички активни, мора да се подготвите за дополнителниот физички напор.