Зошто моето дете не јаде?
Речиси не постои мајка која не ја изговорила реченицата „Моето дете не јаде доволно“. Повеќето од вас сигурно знаете колку фрустрирачка може да биде состојбата кога детето одбива да јаде, посебно кога внесуваме некоја нова храна или, уште полошо, кога му се нуди храна што претходно ја јадело а сега категорично одбива да ја јаде. Повеќето од децата го прават ова одвреме-навреме, но за еден мал процент тоа е „начин на живеење“.