ОД ДЕРМАТОЛОШКИ ДО КАРДИОВАСКУЛАРНИ И НЕВРОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ – КОВИД-19 ОСТАВА СЕРИОЗНИ И БРОЈНИ ПОСЛЕДИЦИ
На почетокот на пандемијата со Ковид-19 здравствените работници беа фокусирани на детекција, препознавање и лекување на акутната фаза на болеста, предизвикана од SARS–CoV–2 вирусот. Но, една година по појавата на првите случаи во Кина, фокусот на лекарите се насочува кон перзистентните симптоми по акутната фаза на Ковид-19. Иако не постои консензус, некои го нарекуваат постковид синдром. […]