ТРАНСНАЗАЛЕН ЕНДОСКОПСКИ ПРИСТАП – МИНИМАЛНО ИНВАЗИВЕН НАЧИН НА ЛЕКУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ НА БАЗАТА НА КРАНИУМOТ И МОЗОКОТ

Идејата за постигнување на целта со што помалку инванзивни техники сè повеќе навлегува во модерната медицина, а посебно во хирургијата. Развојот на електрониката, оптиката, механиката, хемијата, фармакологијата и целокупната наука дава подлога за воведување нови методи и начини за оптимално лекување на пациентите, вели проф. д-р Слободан Дамјановски, специјалист неврохирург во Клиничката Болница „Аџибадем Систина“. […]