ПОЛИЦИСТИЧЕН ОВАРИЈАЛЕН СИНДРОМ НАЈЧЕСТОТО ЕНДОКРИНОЛОШКО ЗАБОЛУВАЊЕ КАЈ ЖЕНИТЕ ВО РЕПРОДУКТИВНИОТ ПЕРИОД

Полицистичниот оваријален синдром претставува една комплексна состојба, како резултат на која кај поголемиот дел од пациентките изостанува менструалниот циклус и очекуваната овулација на јајце клетките. Оваа состојба, како што појаснува ендокринологот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ д-р Надица Божиновска, е најчестото ендокринолошко заболување кај жените во репродуктивна возраст, со преваленца од 10 до 25 проценти. […]