Многу луѓе сакаат да го променат животот, но да го спроведат тоа на дело е веќе друга работа. Понекогаш најмалите чекори кои ги преземаме со цел нешто да промениме се од неизмерна важност за нашето здравје.
Прочитајте ги следниве неколку совети и веднаш почнете да живеете поздраво.
Победете ја тагата која ја чувствувате во недела навечер
Најновите истражувања велат дека дури 81% од луѓето ги фаќа блага депресија во неделите навечер. Доколку и вие сте нервозни и ве фаќа депресија поради почетокот на новата работна недела, 10 минути пред вечерата направете неколку лесни вежби или потрошете неколку минути на визуализирање на вашите работни обврски кои ве очекуваат утрешниот ден. Едноставните вежби можат да ја отстранат анкциозноста која ја чувствувате.
Мерете го притисокот на двете раце
Ново истражување вели дека доколку постои разлика во крвните притисоци измерени на левата и десната рака, се зголемува ризикот од срцево заболување. Разликата од 10 единици или повеќе може да биде показател на затнување во артериите. Затоа, секогаш мерете го притисокот на двете раце.
Повеќе џвакајте, помалку јадете
Еве уште еден показател дека колку што сте побавни во јадењето толку побргу ќе стасате до целта која значи симнување на салото стомакот. Доколку полека го јадете вашиот оброк и убаво го џвакате секој залак, ќе изедете 15% помалку од храната која сте ја јаделе претходно, а ќе бидете исто толку сити. Сѐ што треба да направите е двојно да го зголемите времето на џвакање на секој залак. Вишокот на време потрошено на џвакање му овозможува на мозокот да го регистрира фактот дека веќе сте доволно сити.