Понекогаш кашлицата може да се задржи подолго време и да предизвика непријатно чувство. Постојаната кашлица која се јавува без некоја јасна причина пулмозлозите ја нарекуваат „мистериозна кашлица“ или хронична и идеопатска кашлица.
Околу 10% до 20% од популацијата во некој период од животот имале кашлица која траела повеќе од 8 недели. Оваа кашлица е хронична и може да биде многу непријатна и фрустрирачка.
Кога кашлицата трае повеќе од три недели, треба да посетите доктор.
Еве неколку причини за мистериозна кашлица:
1. Астма.
Многу луѓе не знаат дека астмата најчесто се манифестира преку кашлање.
2. Проблеми со горните дишни патишта.
Растечениот нос и чешањето на очите можат да предизвикаат постојана кашлица. Пробајте со антихистамини препишани од доктор и спрееви за нос, користете развлажнувач за воздухот и туширање пред спиење со цел да ги отстраните потенцијалните алергенси и да се заштитите од кашлицата за време на спиењето.
3. Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ).
Желудочните киселини најчесто се поврзуваат со ГЕРБ, но една студија вели дека 75% од пациентите кои страдаат од кашлица предизвикана од ова заболување, немаат симптоми на враќање на желудочни киселини.
4. Идиопатска кашлица.
Околу 40% од луѓето со хронична кашлица спаѓаат во категоријата идиопатска кашлица, што значи дека причината за тоа не е позната.