4 начини да се ослободите од болката во вратот

Цел ден седите над тастатурата и почнувате да чувствувате вкочанетост во вратот. Двапати замавнувате со рекетот по топчето и веднаш почнува да ве боли рамото. Седите во незгодна положба долго време и се јавува тензија во грбот.

Вкочанетите мускули најчесто заздравуваат по ден или два дена одмор. Но, доколку постојано ви се јавува болката, особено во пределот на рамената, вратот и ’рбетот и буквално не можете да го ставите прстот на местото каде најмногу ве боли, тогаш можно е да имате точка на воспалување (trigger point).

Цел ден седите над тастатурата и почнувате да чувствувате вкочанетост во вратот. Двапати замавнувате со рекетот по топчето и веднаш почнува да ве боли рамото. Седите во незгодна положба долго време и се јавува тензија во грбот.

Вкочанетите мускули најчесто заздравуваат по ден или два дена одмор. Но, доколку постојано ви се јавува болката, особено во пределот на рамената, вратот и ’рбетот и буквално не можете да го ставите прстот на местото каде најмногу ве боли, тогаш можно е да имате точка на воспалување (trigger point).

„Офкањето“ ја обележува болната точка

Точките на воспалување се набиени и цврсти јазли од мускулни влакна кои не можат да се опуштат. Овие точки претежно се наоѓаат во мускулот кој се протега од основата на черепот до средината на грбот и преку рамото.

Може да се јават и повеќе воспалителни точки во еден мускул. Мускулните влакна се секогаш погусти, а мускулот понапнат. Кога ќе го притиснете со прст, болката се шири низ целата мускулна регија.

Ослободете го мускулот

Болката предизвикана од воспалителните точки е прилично честа појава. За среќа, постојат многу начини да се ослободите од неа.

–          Масажа. Професионалната масажа може веднаш да ве ослободи од болката и да ви го опушти мускулот. Секогаш одберете професионални и квалификувани физиотерапевти. Нестручниот третман не само што нема да ве ослободи од болката, може да доведе до повреди и компликации кои бараат подолг период на лекување и рехабилитација.

–          Ублажете ја болката. Антиинфламаторите лекови можат да ви помогнат да ја смирите болката во мускулите.

–       Пронајдете го коренот на проблемот.  Потрудете се да размислите што би можело да влијае на оваа состојба. Има разни фактори кои можат да влијаат на создавањето на воспалителните точки, од типот на лошо држење, неприродно седење на работното место, заспивање во неприродна позиција, па дури и менталниот стрес може да ја испровоцира оваа појава. Затоа пронајдете го коренот на проблемот бидејќи секое следно вкочанување е уште посериозно.

–         Движете се. Аеробикот е навистина ефективен начин во борбата со воспалените точки. Правете вежби за истегнување, пливајте или правете разни движења кои ќе ги активираат вашите рамена и вратот. На тој начин не само што ги истегнувате мускулите туку повеќе ги снабдувате со крв и хранливи состојки и ги чистите од токсини.

Доколку овие совети не ви помагаат во ослободувањето на болките во вратот, рамената и грбот, а болката почнува да ви пречи во активностите кои ги правите секојдневно, тогаш е време да посетите доктор.

Физикалната терапија може да помогне во ослободување на овие точки.

Но, сепак, најдобриот начин да ја спречите оваа појава е да внимавате на вашето држење и механиките на телото и да најдете здрав начин како да се ослободите од стресот.

Стресот стана нормален дел од нашите животи. Сè што треба да направиме е добро да се справуваме со него, како ментално така и физички. Вежбањето може да ни помогне во тоа. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!