5 „БОНУС“ навики за побрзо намалување на килограмите

Ви ги препорачуваме овие пет навики за побрзо да ја намалите телесната тежина. Колку повеќе се придржувате до нив, толку побрзо ќе ги видите резултатите.

1. Запишувајте сè што јадете

Оваа техника ќе ви овозможи да имате контрола врз сè што внесувате во текот на денот. Исто така, ќе ви помогне да ги откриете проблемите кои ги имате во врска со навиките за јадење. Луѓето кои водат дневник за исхрана многу побрзо слабеат од другите.

2. Забележувајте ги активностите на лист хартија (тип на активност, времетраење, интензитет)

Запишете ги сите вежби и активности кои сте ги направиле денес. Водењето дневник за активности за период од две недели ќе ви помогне да воспоставите редовна рутина на вежбање. Следењето на сопствениот прогрес може да ве инспирира да посегнете по поголеми цели.

3. Движете се повеќе (вежбајте повеќе од 60 минути во денот)

Зголемете ја вашата рута за пешачење или вежбање на 1 час или повеќе. Не се работи за тоа да додадете 60 минути на оние 30 кои нормално се препорачуваат туку 1 час вежбање вкупно.

4. Јадете вистинска храна

Преработената храна може да содржи нездрави масти, шеќери, калории и сол. Од друга страна, вистинската храна е полна со витамини, минерали, влакна, антиоксиданти и други хранливи состојки. Не велиме дека сè што е преработено е нездраво, но на вас оставаме да го направите најздравиот избор.

5. Запишете ги дневните цели

Нормално дека вашата главна цел е да ги загубите килограмите, но, сепак, таа цел може да биде остварена со помали цели на дневно ниво. Поставувањето на целите ве мотивира и ви помага да се придржувате до програмата.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!