5 причини за надуеност и болка во стомакот

Ви се случува да се чувствувате лошо по јадење на голем оброк, особено ако е богат со јаглехидрати? Честопати истото чувство на надуеност го имаме и покрај тоа што не сме изеле премногу храна. Тоа е така бидејќи одредена храна и пијалаци предизвикуваат повеќе гасови. Ви посочуваме неколку можни причини за надуеноста во стомакот.

Ви се случува да се чувствувате лошо по јадење на голем оброк, особено ако е богат со јаглехидрати? Честопати истото чувство на надуеност го имаме и покрај тоа што не сме изеле премногу храна. Тоа е така бидејќи одредена храна и пијалаци предизвикуваат повеќе гасови. Ви посочуваме неколку можни причини за надуеноста во стомакот.

1. Премногу сол

Внесувањето на сол предизвикува задржување на течности во телото, кои дополнително може да направат да се чувствувате надуени.

2. Премногу масти

Храната богата со масти честопати може да биде причина за надуеност и тежина во стомакот бидејќи се задржуваат подолго време во дигестивниот систем. Не внесувајте премногу мрсна храна, избегнувајте пржена храна. Заменете ја со варена храна, овошје и зеленчук.

3. Сода и газирани пијалаци

Пиењето газирани пијалаци предизвикуваат внес на вишок воздух што доведува до надуеност.

4. Вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи кои го содржи содата и овошните сокови се  состојки кои кога ќе се внесат во големи количини предизвикуваат гасови, надуеност и болка во стомакот. Тоа е затоа што телото не може да ги апсорбира за брзо време.

5. Млечни производи

Кај одредена група луѓе кои имаат интолеранција на лактоза, внесот на млечни производи доведува до надуеност. Зависно од степенот на интолеранција, дури и минималниот внес на млеко може да предизвика симптоми на надуеност, гасови и болка во стомакот.

Зошто јаглехидратите предизвикуваат надуеност?

Доколку внесете поголемо количество јаглeхидрати од она што ви е потребно за енергија, одреден дел од вишокот јаглехидрати телото го складира во мускулите во вид на гликоген. Останатиот дел телото го преработува преку црниот дроб и го претвора во масти. Гликогенот апсорбира вода, па оттаму и задршката на течности која прави да се чувствувате тежина и надуеност.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!