5 причини зошто да пиете витамин Ц

Дали сте знаеле дека пушачите треба да земаат поголеми дози витамин Ц за разлика од непушачите. Кои се бенефитите од земањето суплементи на витамин Ц и како делува врз здравјето, ќе ви стане јасно доколку ги прочитате 5-те важни улоги на витаминот Ц.

Дали сте знаеле дека пушачите треба да земаат поголеми дози витамин Ц за разлика од непушачите. Кои се бенефитите од земањето суплементи на витамин Ц и како делува врз здравјето, ќе ви стане јасно доколку ги прочитате 5-те важни улоги на витаминот Ц.

Ги ублажува симптомите на настинка

За нормална работа на имуниот систем е потребен витаминот Ц. Но, треба да знаете дека доколку земате повеќе витамин Ц не значи дека никогаш нема да настинете. Сепак, земањето суплементи на витаминот Ц помага да ги ублажи симптомите на настинка доколку сте го земале и пред да настинете.

Го спречува оштетувањето на клетките

Витаминот Ц помага да се ослободите од хемикалиите кои ги оштетуваат клетките и ДНК. Се смета за антиоксиданс кој ги неутрализира слободните радикали во телото кои настануваат како резултат од загадување, чад од цигари, сончева светлина, зрачење… Ваквата функција овозможува организмот да работи подобро на долг рок и да ве заштити од болести, вклучувајќи Алцхајмерова болест и канцер.

Го развива мозокот

Витаминот Ц е потребен за нормалното создавање на хормоните кои ги носат сигналите од мозокот низ целото тело (серотонин, допамин, епинефрин и норепифрин). Тие се одговорни за вашето расположение, концентрација, мотивација и прагот на осетливост на болка.

Го чува видот

Витаминот А не е единствениот витамин кој го штити здравјето на очите. Бројни студии покажале дека витаминот Ц го забавува дегенеративното оштетување на видот со текот на годините и го намалува ризикот од појава на катаракта.

Се бори со карциномот

Високи дози витамин Ц, посебно оние кои се аплицираат директно во вена може да го намалат растот и ширењето на канцерот. Ги подобрува ефектите на хемотерапијата и радиотерапијата. Се смета дека исто така ги намалува и несаканите ефекти од хемо и радиотерапијата.

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!