Вежбањето е корисно за сите возрасти, особено зa пациентите со срцеви проблеми. Ова се петте главни причини зошто повозрасните лица треба да вежбаат:
1. Оптимизирајте го здравјето на вашето срце
Редовни кардиоваскуларни вежби комбинирани со здрава исхрана помагаат во превенцијата на кардиоваскуларни заболувања. Но, тие можат да помогнат и доколку имате проблеми со срцето. Соодветен кардиоваскуларен тренинг може да ви помогне во подобрување на циркулацијата, регулирање на крвниот притисок и во контрола на дијабетесот.
Редовната физичка активност и здравата исхрана го подобруваат вашето здравје со намалување на LDL (лошиот) холестерол, намалување на вредностите на триглицеридите, и зголемување на нивото на HDL (или добар) холестерол.
2. Контролирајте го дијабетесот
Редовните аеробик вежби помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта, што, пак, помага во справувањето со дијабетес тип 2 (во комбинација со соодветна исхрана и лекови).
Со избалансирана исхрана и вежбање, може е да ја намалите зависноста од лековите за дијабетес.
3. Задржете ја силата
Вежбите ја зголемуваат вашата мускулна маса. Освен што ќе ве направи посилни, зголемената мускулна маса може да го забрза вашиот метаболизам и да ви помогне во губење на вишокот килограми. Вежбите се особено корисни за постари лица кои закрепнуваат од операција на срце бидејќи овие пациенти може да изгубат и до 15 % од силата со само една недела помината во кревет. Редовните умерени вежби ќе ви помогнат во закрепнувањето и ќе ви ја вратат силата по операцијата на срце.
4. Подобрете го расположението
Дали сте забележиле како со вежбање ви се подобрува расположението? За ова постои медицинско објаснување. Вежбањето ги зголемува лачењето на ендорфин, хормонот на среќата кој е одговорен за подобрување на расположението. Редовното вежбање го одржува и подобрува вашето тело и ум.
5. Независност
Вежбањето помага во одржувањето на вашата виталност. Кога сте посилни, можете за себе да направите повеќе работи. Наместо да бидете зависни од нечија помош, можете да имате поголема контрола врз вашиот живот.
Операцијата на срце и болестите на срцето влијаат на секоја возраст, но особено е важно за постарите да ја одржат силата за секојдневните активности. Вежбањето може да биде вашиот најдобар сојузник за да бидете фит, позитивни и независни. Запомнете, секогаш консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете одредена физичка активност.