Појадок:
Не го прескокнувајте појадокот – само направете го подобар
Дознајте што дава ви дава енергија, а што прави да паднете во криза за шеќер.
1. Како да го започнете денот
Овошен јогурт или ореви е одличен појадок кој лесно се подготвува и не одзема време, а содржи големо количество протеини. Доколку имате време да зготвите нешто, пробајте омлет во сооднос од 3 спрема 1 на белки со жолчки. На овој начин ќе ги добиете сите придобивки од јајцата без дополнителната доза холестерол.
2. Како да не го започнете денот
Прескокнете го бурекот на празен стомак или хамбургерот од омилената сендвичарница. Огромната количина маснотии и холестерол нема да помогнат многу во чувството на заситеност па набргу ќе посакате повторно да јадете.
3. Одбегнете ги житариците со шеќер
Избегнувајте ги сите обоени и вештачки засладени житарици. Тие вообичаено содржат шеќери кои ќе ве натераат да јадете повеќе, што носи ризик од здебелување. Дополнително, истражувањата покажуваат дека вештачките бои кои се користат во житарките се опасни по здравјето.
4. Јадете јајца, но не претерувајте
Доколку немате ризик од болести на срцето, ограничете се на шест јајца со жолчка неделно. Доколку имате ризик од болести на срцето, не јадете повеќе од четири. Умереноста е важна.
5. Пијте кафе, но намалете го доколку можете
Постојат неколку истражувања кои сведочат за придобивките од кафето – од невролошко здравје до превенција на рак. Генерално, потребни се повеќе истражувања за да ги докажат овие придобивки, но тоа не треба да ве спречи да уживате во кафето. Само научете да го намалите доколку чувствувате несакани ефекти како дигестивни проблеми или несоница.