7 важни правила за вежбање во летниот период

Летото е сезона кога конечно можете да вежбате надвор, но, бидејќи во топло и влажно време сте подложни на повреди, потребен ви е план пред да почнете да вежбате. Следните совети ќе ви помогнат да го направите вашето вежбање удобно и посвежо дури и кога температурите се зголемуваат...

1. Вистинско време

• Најдобро време за вежбање во текот на летото е пред 10 часот претпладне, поради две причини:

• Прво, да се избегне потење во текот на најжешкиот дел од денот - 10:00-14:00 часот.

Летото е сезона кога конечно можете да вежбате надвор, но, бидејќи во топло и влажно време сте подложни на повреди, потребен ви е план пред да почнете да вежбате. Следните совети ќе ви помогнат да го направите вашето вежбање удобно и посвежо дури и кога температурите се зголемуваат…

1. Вистинско време

• Најдобро време за вежбање во текот на летото е пред 10 часот претпладне, поради две причини:

• Прво, да се избегне потење во текот на најжешкиот дел од денот – 10:00-14:00 часот.

• Второ, ако живеете во град каде што смогот е присутен, утрата обезбедуваат најдобар квалитет на воздухот. Воздухот е најсвеж во утринските часови бидејќи уште не поминал цел ден со движење и бучавата од автомобилите.

2. Побарајте сенка

Секако, секогаш постојат климатизирани вежбалници и сали, но најдобриот дел од вежбањето на лето вклучува излегување надвор. Одењето во парк или шума со многу сенка може да се направи разлика. Места под сенка не само што ве заладуваат туку и ве чуваат од директните зраци од сонцето, со што помагаат во блокирањето на УВ зраците и горењето на кожата.

3. Земете храна и вода

Да се сетите да пиете вода е лесно кога времето е топло – она што е тешко е да се погрижите дека сте внеле доволна количина. Ако чекате да се напиете кога сте жедни, тоа е премногу доцна. Останете хидрирани со пиење на неколку чаши вода 30 до 60 минути пред вежбањето и напијте се повеќе за време на тренингот. За летното одење, трчање и пешачење се препорачува користење шишенце вода прицврстено на ремен. На тој начин вашите раце се слободни за време на вежбањето, и можете да ги користите џебовите за мобилниот телефон и протеинскиот оброк.

4. Носете очила

Лесна заштитна капа, очила и крема со заштитен фактор се задолжителни придружници за време на летните активности. Ставете заштитен фактор на места каде кожата е изложена: на вашите раце, а не само на лицето, рамената и нозете. Освен што кремата треба да е отпорна на пот, одберете и формула која е немасна со што, додека се потите, ќе ви биде поудобно.

5. Слоевита облека

Во летните месеци температурите понекогаш брзо се менуваа од ладно на топло. Па затоа облечете се во слоеви. Ако ви е премногу топло, секогаш може да врзете една маица или лесна јакна околу вашата половина.Не носете облека направена од тежок памук, кој премногу впива и останува долго влажен и тежок со пот. Место тоа, носете лесни, со систем за ладење блузи и панталони, кои ќе ги најдете во продавниците за фитнес облека.

6. Анатомски патики

Соодветни обувки е клучот за безбедно вежбање во секое време од годината. Избегнувајте да носите исти патики кои сте ги носеле во вежбалница во зимскиот период. Тие веројатно нема да обезбедат поддршка на стапалата која ви е потребна.Луѓето забораваат дека треба редовно да ги менуваат спортските обувки. Ако не се ги промениле патиките во изминатите шест месеци, а редовно сте вежбале, време е да го посетите трговскиот центар.

7. Загрејте се пред вежбање

Може да помогне во спречување повреди и да добиете најмногу со вашето вежбање ако загревањето трае од три до пет минути, и да, дури и кога е веќе надвор жешко!Вашето тело сé уште треба да се загрее без разлика дали времето е топло или ладно. Причината? Вежбите за загревање ќе ве подготват за тренингот, ги подмачкуваат зглобовите, па Вие можете да се движите удобно и безбедно.Дали постои подобар начин да се остане мотивиран со вежбање, преку безбедна, пријатна фитнес рутина на отворено за време на лето? Сега е време да додадете различност на вашето вежбање. Излезете од салата ова лето и уживајте во свежиот воздух!

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!