8 Начини како да го забрзате вашиот метаболизам

Забрзувањето на метаболизмот и тоа колку брзо вашето тело ги согорува калориите е неразрешена мистерија за многумина. Мажите имаат тенденција да согоруваат многу повеќе калории од жените, па дури и додека одмораат. Истражувањата покажуваат дека метаболизмот на човекот забавува по 40. година од животот. Иако не можете да ги контролирате вашата возраст, полот, генетиката, можете да преземете неколку начини за негово забрзување. Еве неколку:

1. Нашето тело постојано согорува калории, дури и тогаш кога не правиме ништо. Според дел истражувања, мажите во текот на 30-минутен тренинг трошат по 276 калории или 9,2 калории во минути, додека жените околу 213.

2. На вашето тело му е потребна вода за обработка на калории. Ако сте малку дехидрирани вашиот метаболизам може да ја забави работата. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пијат по 8 чаши вода трошат многу повеќе калории отколку оние кои пијат 4 чаши. За побрз метаболизам пијте вода со секој оброк, но консумирајте и овошје и зеленчук.

3. Некои состојки во енергетските пијалаци (кофеин, таурин, амино киселини) може да го забрзаат вашиот метаболизам. Но, покрај добрите страни, овие пијалаци имаат и негативни ефекти па ќе ве остават подолго време будни, ќе го покачат крвниот притисок и можат да ве направат нервозни.

4. Колку почесто јадете толку побрз метаболизам имате. Секогаш кога внесувате храна вашиот метаболизам работи и троши калории, а доколку правите големи паузи тој забавува. Затоа имајте оброци на секои 3 часа.

5. Јадете зачинете храна – таа има природни хемикалии кои ја забрзуваат работата на метаболизмот. Во готвените јадења додадете лажичка чили и ситно сечкана лута пиперка, но немојте да претерувате.

6. Ако сте љубител на црното кафе, веројатно, ќе уживате во енергијата и концентрацијата која ќе ја добиете од него. Кофеинот ќе го забрза вашиот метаболизам, ќе ве расони и ќе ви даде сила за вежбање.

7. Доколку не пиете кафе, чајот е идеална замена за да имате брз метаболизам. Од 2 до 4 шолји чај можат да му помогнат на телото да согори дури 17% повеќе калории за време на вежбањето.

8. Избегнувајте брзи и ригорозни диети, особено оние со помалку од 1200 калории за жени и 1800 за мажи. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!