Што е апгар тест?

Апгар претставува првиот тест на новороденчето што се спроведува веднаш по самото раѓање во родилната сала. Целта на апгар тестот е проценка на здравствената состојба на новороденчето со цел да се увиди потребата од итно реагирање во случај кога состојбата на новороденчето тоа го бара. Апгар тестот претставува проценка на 5 важни витални параметри: боја на кожа, дишење, срцева акција, тонус на мускулатурата и рефлексен одговор при дразба (аспирација на дишните патишта по самото раѓање).

Најчесто апгар процената се прави двапати, во првата и петтата минута по породувањето. Во случај кога резултатите на апгар тестот се ниски се спроведува и во 10. минута или 15. минута. Во зависност од моменталната состојба, овие параметри се бодуваат со 0,1 и 2. Со тоа, највисоката Апгар оцена или „Apgar score“ за новороденчето е 10. Бебињата кои во проценката спроведена во 5. минута имаат апгар оцена над 8, се сметаат за витални. Новороденчињата со низок апгар бараат посебен мониторинг на виталните знаци и лекарски надзор најмалку 24 часа по раѓањето.

За првпат апгар тестот е направен во 1952 година од страна на анестезиологот Вирџинија Апгар.

На кој начин се добиваат оцените и што значат тие можете да видите од табелата : 

Апгар оценка

2

1

0

Боја на кожа

Розова

Розова, екстремитети сиви

Бледа, сива

Пулс

Нормален (над 100 во минута)

 Помалку од 100 пулсирања во минута

Не се регистрира пулс

Рефлекси при дразба

Кива, кашла

Прави гримаса

Нема одговор при дразба

Мускулен тонус

Активен, спонтани движења

Ослабен тонус, мала подвижност на екстремитети

 Млитав, нема движења

Дишење

Нормално дишење, силен плач

Бавно, нерегуларно дишење, слаб плач

Не дише, нема плач

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!