Задолжителни тестови за рано откривање на малигни болести

Раното откривање на малигните болести влијае врз понатамошниот третман и ги зголемува шансите за целосно излекување. Доколку дијагнозата се постави многу доцна, карциномот може да се прошири и на други делови од телото. Овие тестови треба да ги прават сите, особено луѓето кои имаат зголемен ризик од појава на карцином и лица кои имале член во семејството кој боледувал од некој вид канцер. Еве кои задолжителни скрининг тестови ги препорачуваат докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Раното откривање на малигните болести влијае врз понатамошниот третман и ги зголемува шансите за целосно излекување. Доколку дијагнозата се постави многу доцна, карциномот може да се прошири и на други делови од телото. Овие тестови треба да ги прават сите, особено луѓето кои имаат зголемен ризик од појава на карцином и лица кои имале член во семејството кој боледувал од некој вид канцер. Еве кои задолжителни скрининг тестови ги препорачуваат докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Ехо и мамографија на дојки

Секоја жена треба еднаш месечно да прави самопреглед на дојките и внимателно да ги открива сите промени во дојките. Ваквите промени се чувството на присуство на грутки во дојките или во пазувите, промена на големината или обликот на дојките, секреција од брадавицата и менување на бојата на кожата на дојката или на ареолата. Покрај редовните самопрегледи, секоја жена над 25 години мора редовно да прави ехо прегледи, а над 36-40-годишна возраст еднаш годишно мамографски прегледи на дојка. Мамограмите се ниски дози на х-зраци и можат да детектираат мали димензии на тумори, кои не можат да се напипаат и немаат никакви симптоми. Но, она што е најважно е што овие тумори во голем процент може да се излекуваат

Гинеколошки преглед

Посетата на гинеколог за многу жени претставува стре- сен чин, но докторите советуваат дека треба да го победите стравот и редовно да одите на гинеколог. Само со редовни гинеколошки прегледи и ПАП тест повеќето преканцерозни промени можат многу рано да се откријат и излекуваат, пред да дојде до развој на карцином. Папаниколау (ПАП) тестот е едноставен и безболен метод со кој се зема материјал од грлото на матката и вагиналниот свод. Со микроскопска анализа на клетките можат да се откријат воспаленија, нивни предизвикувачи, бенигни и малигни клетки и други цитолошки промени. Посетата на гинеколог треба да биде околу 10 до 20 дена по првиот ден од циклусот. Најмалку 2 дена пред посетата на гинекологот не треба да се користат вагинални креми, лекарства, тампони, пудри или дезодоранси, ниту, пак, да се има сексуален однос. Секоја жена барем еднаш годишно да направи ПАП тест, а доколку пациентката е со висок ризик, ПАП тестот треба задолжително да се прави двапати годишно.

Дерматоскопски преглед на бенки

Меланомот е најтешкиот облик на карцином на кожа. Најголем ризик од овој тип канцер имаат лицата под 40-годишна возраст, особено жените. Доколку навреме се откријат првите знаци, пред канцерот да се прошири, лекувањето е успешно. Во последните неколку години значително е зголемен бројот на пациенти со карцином на кожа, а една од причините е и нередовното следење на бенките. Затоа се препорачуваат редовни самопрегледи на бенките, како и дерматолошки преглед еднаш годишно, особено пред изложување на сонце.

Ехо на тестиси

 Туморите на тестиси најчесто се јавуваат кај машката популација помлада од 40 години. Во најголем број случаи, повеќе од 95 проценти, туморите на тестисите се малигни. Со самопреглед може да се откријат промените во најрана фаза, кога може да се излекува. Болеста најчесто се јавува со безболно зголемување на тестисот, а поретко заболениот тестис може да е и со нормална големина. На допир е потврд или во него може да се напипа тврд јазол на површината. Секоја промена на тестисот би требало да биде прегледана од страна на уролог, кој ќе треба да направи дополнителни испитувања. Затоа мажите се советуваат еднаш годишно да посетуваат уролог и да направат превентивен ехо преглед на тестиси.

Колоноскопија

Карциномот на дебелото црево се развива од полипи аденоми кои се јавуваат на слузокожата на дебелото црево. Карциномот може да се превенира доколку со колоноскопија навреме се откријат полипи-аденоми и отстранат, пред да преминат во канцер. Колоноскопијата е единствениот преглед при кој со флексибилна туба на која има поставено камера се гледа внатрешноста на дебелото црево и се откриваат полипите и карцином на дебело црево. Доколку се откријат промени како полипи, истите се отстрануваат во еден акт за време на колоноскопијата. Секој маж и жена на возраст помеѓу 50 и 60 години доколку имаат колоноскопски тегоби, фамилијарна историја или други тегоби на колонот мора да направат колоноскопија како ед
инствена метода во пре- венција и навремено откривање на овој карцином.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!