Минимално инвазивни интервенции на штитната жлезда

Нодусите или јазлите во тироидната жлезда се едно од најчестите заболувања. Поголемиот дел од нив се безопасни и не предизвикуваат никакви проблеми. Меѓутоа, до 5% од нодусите без оглед на големината може да се карцином во тироидната жлезда. Навремена дијагноза и терапија овозможуваат одлични тераписки резултати во лечењето на овој карцином. Нарушувањето на функцијата на жлездата значајно влијае на квалитетот на животот, а доколку не се лекува, прогнозата може да биде лоша.

Нодусите или јазлите во тироидната жлезда се едно од најчестите заболувања. Поголемиот дел од нив се безопасни и не предизвикуваат никакви проблеми. Меѓутоа, до 5% од нодусите без оглед на големината може да се карцином во тироидната жлезда. Навремена дијагноза и терапија овозможуваат одлични тераписки резултати во лечењето на овој карцином. Нарушувањето на функцијата на жлездата значајно влијае на квалитетот на животот, а доколку не се лекува, прогнозата може да биде лоша.

Во деведесеттите години направена e првата хируршка интервенција на тироидната жлезда по ендоскопски – минимално инванзивен пат. Промоторот на новата техника е италијанскиот хирург Паоло Миколи. Неговата техника за минимално инванзивна видеоасистирана тироидектомија денес е прифатена во целиот свет.   

Болести на тироидната жлезда

Болестите на тироидната жлезда спаѓаат во едни од најчестите во медицината. Епидемиолошките податоци јасно зборуваат за тоа. Јазел или нодус во тироидната жлезда има кај 50% од тироидните жлезди при обдукција, а со ултрасонографски преглед може да се најде кај дури 75% од прегледаните лица. Присуство на тироидни антитела има кај 10-30% од популацијата во зависност од возраста и полот, а почесто се наоѓа кај жените и постарите лица.  Намалената функција на тироидната жлезда, позната како хипотиреоза, е многу често заболување и повеќе се јавува кај жените во однос на мажите (односот е 8:1). За жал, болеста почнува постепено и често се дијагностицира доцна. Особено е голем проблем хипотиреозата кај бремени жени бидејќи тироидните хормони се многу важни за развој на мозокот кај плодот. Зголемено лачење на тироидни хормони доведува до појава на хипертиреоза, која е релативно често заболување и се јавува кај 2.7% жени и 0.23% мажи.

Постоперативниот естетски резултат кај хируршките зафати на тироидната жлезда е еден од најважните аспекти кај овие пациенти,  особено кај жените. Поради тоа редукција во должината на цервикалната инцизија е од особен интерес кај оваа група пациенти. Но концептот на хируршката инванзивност не може да биде лимитиран само на должината на кожната инцизија туку мора да се однесува и на другите структури дисецирани за време на процедурата. Затоа минимално инванзивната тироидектомија  треба да биде дефинирана како хируршка техника спроведена низ мала инцизија на кожата (помала од 4цм, а кај ендоскопската 1,5цм), која овозможува директен пристап кон тиреоидната ложа и резултира со фокусирана дисекција.

Предности на минимално инванзивниот пристап

Минимално-инванзиваната тиреоидектомија ја минимизира траумата од хируршкиот зафат не само во однос на должината на кожната инцизија (оперативниот рез) туку овозможува подобар и директен пристап кон тиреоидната ложа, помалку екстензивна дисекција, ја минимизира постоперативната болка и дава подобар естетски резултат.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!