Вирусите ги воспалуваат и мускулите

Вирусите најчесто предизвикуваат воспаление на респираторните патишта. Иако ова е најчесто воспаление, вирусите се "виновни" и за воспаление на други органи и ткива, меѓу кои и мускулите. А кога вирусите ќе предизвикаат воспаление на мускулите, се јавува болка, а децата не можат да стојат и одат, па докторите велат дека тие имаат миозитис.

Вирусите најчесто предизвикуваат воспаление на респираторните патишта. Иако ова е најчесто воспаление, вирусите се “виновни” и за воспаление на други органи и ткива, меѓу кои и мускулите. А кога вирусите ќе предизвикаат воспаление на мускулите, се јавува болка, а децата не можат да стојат и одат, па докторите велат дека тие имаат миозитис.

Најчест предизвикувач на воспалението?

Најчест предизвикувач на воспалението на мускулите е вирусот на грипот (тип А и тип Б). Миозитот предизвикан од вирусот на грип е состојба која поминува спонтано и не бара посебна терапија, токму затоа медицински се нарекува бениген акутен миозитис. И други вируси може да предизвикуваат бениген акутен миозит. Најчесто тоа се група на стомачни вируси или други вируси кои ги напаѓаат дишните патишта.

Кои се симптомите на вирусниот миозит?

Инфекцијата со вирусот на грип најчесто се манифестира со температура, главоболка, кашлица и течење од носот. Воспалението на мускулите е најчесто кај училишните деца, но се среќаваат и кај другите возрасни групи. Симптомите на вирусниот миозит обично се јавуваат три дена по почетокот на симптомите на воспаление на дишните патишта. Симптомите се драматични и застрашувачки затоа што се јавуваат наеднаш, обично при станување од спиење. Децата чувствуваат јака болка во нозете, особено во потколениците и  не можат да стојат и одат. Покрај болки во мускулите на нозете, децата може да чувствуваат болки и во другите мускули, а воедно имаат и симптоми на респираторна инфекција како што се фебрилност, главоболка, течење од носот, грлоболка и други симптоми од горните дишни патишта.

Дијагноза

Најважно е детето да го донесете кај педијатар и родителот да ги опише симптомите, да каже каде е лоцирана болката или слабоста на мускулите и колку долго трае. Докторот е должен да обрати поголемо внимание на мускулите за да одреди кои дијагностички тестови треба да ги направи. Дијагнозата се поставува со лабораториски тест за кој е потребно да се земе примерок на крв за да се измери нивото на мускулните ензими.

Колку долго траат симптомите?

Најчесто симптомите на болка и слабост во мускулите траат три до седум дена. Вредностите на мускулните ензими се нормализираат за три недели.

Лекување на вирусниот миозит

Децата кои имаат вирусен миозит треба да примаат лекови против болка. Не е потребен друг третман затоа што болеста за неколку дена се повлекува. Покрај аналгетици, децата треба да внесуваат доволно течности како и при секоја друга вирусна инфекција. По повлекување на болката и слабоста во мускулите, децата за неколку дена почнуваат нормално да одат без никакви последици од прележаното воспаление на мускулите.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!