Кога треба да направите снимка на забите?

Голем број болести на забите и околните ткива не би можеле да се откријат доколку пациентот навреме не направи рендгенска снимка. Сè она што не може да се види при обичен стоматолошки преглед може да се види токму со оваа постапка. Од состојбата на забите, корените, поставеноста на вилиците па сè до целокупниот состав до фацијалните коски. Ова важно дијагностичко средство може да помогне да се утврди присуството или степенот на пародонталната болест (непцата), кариес, апсцеси и многу абнормални израстоци, како што се цисти и тумори, но и да ја покаже точната локација на импактираните заби и заби кои сè уште не се целосно развиени.

Рендгенските зраци значајни за поставување дијагноза

Токму со навременото дијагностицирање и лекување на забите може да се заштеди време, пари и непотребни непријатности. Ако имате скриен карцином, рендгенската снимката може да ви го спаси животот. Современите рендген апарати денес ослободуваат многу мало количество зрачење.

Колку често се прават?

Вашиот стоматолог според состојбата на забите и усната шуплина,треба да одлучи дали треба да правите снимка на забите. Денес многу често се прават дигитални панорамски снимки, снимка со која стоматологот добива целосна слика за состојбата на сите заби во устата, но и на главата, вратот, вилиците, зглобовите, синусите. Честопати оваа стоматолошка процедура се користи и кај малите деца или тинејџери кога сакаме да видиме до каде е процесот на растење на забите или, пак, дали некој заб е заглавен и тешко никнува, но и дали има доволно простор во забната низа за новите заби кои никнуваат. Кај возрасните пациенти може да се користи да се лоцираат области на распаѓање што не може да биде видлив на обичен преглед, апцеси, инфекции или пред да се постави имплант.

Панорамската снимка – златен стандард

Денес во сите светски стоматолошки центри 3Д панорамската снимка е златен стандард за планирање и одредување на типот на имплант кој идеално ќе одговара за пациентот. Ваквата снимка е неопходна и за безбедно поставување на истиот во забната низа. Оваа моќна технологија за многу кратко време обезбедува 3D панорамска слика со точна дијагноза и можност за прецизни понатамошни стоматолошки процедури. Стоматологот има можност виртуелно да навлезе во длабочината на вилицата и се движи низ забалото, да ја процени дебелината и густината на коската, како и да детектира одредени малформации на забите.

3D панорамската снимка е задолжителна кога пациентот има проблеми со импактирани заби, криви корени и нарушена структура на забите.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!