Менопаузата е период од животот на жената кога таа престанува да има менструален циклус. Во минатото овој период почнувал по 50-тата година од животот на жената, но денес голем бројот многу млади жени влегуваат во овој циклус. Менопаузата претставува природен биолошки процес кога жената завршува со плодноста (овулации), но, сепак, може да остане здрава, витална и сексуално активна.
Симптоми
Кај голем дел од жените се јавуваат топлотни бранови, емоционална нестабилност (раздразливост), несоница, намалена концентрација, виталност, чувство на депресија. Доколку имате некој од овие симптоми, не двоумете и се побарајте помош од вашиот гинеколог. Тој може да ви препорача да ги смените животните навики или да ве советува да земете хормонска заместителна терапија.
Пред да настапи менопаузата
Неколку години пред да настапи менопаузата (перименопауза) кај голем дел од жените се јавуваат следниве симптоми: нередовни и неправилни менструални циклуси (во период од една, две или повеќе години), сувост во пределот на вагината, топли бра- нови и ноќно потење, несоница и проблеми со спиењето, чести промени во расположението, зголемување на телесната тежина и забавен метаболизам, спласнување на градите, нестабилен крвен притисок. Во овој период од животот можна е и исклучително ретка бременост. Исто така, постојат состојби што можат да предизвикаат предвремена менопауза, а тоа се: зрачна терапија и хемотерапија, генетски, автоимуни болести, нарушувања во исхраната (екстремни диети), употреба на одредени лекови.
Кога на гинеколог?
Тоа што влегувате во менопауза не значи дека не треба да продолжите со редовните посети кај вашиот гинеколог. Особено побарајте совет доколку имате крвавење во перименопаузата и ме- нопаузата. Во периодот на менопауза јајчниците лачат естрогени, но има недостиг на прогестерон – хормони кои го регулираат нормалниот менструален циклус и плодноста. Кога нивото на естроген е ниско, се зголемува ризикот од одредени медицински состојби како што се кардиоваскуларните заболувања, остеопорозата, уринарна инконтиненција, намалување на желбата за сексуална активност. Кога нивото на естроген е високо зголемена е појавата на нерегулирани крвавења кои одат со хисто-патолошки промени на енометриумот-хиперплазии. Запомнете, секое крвавење по менопаузата е абнормално и истото треба да го пријавите кај вашиот гинеколог.
Менопауза и остеопороза
За време на менопаузата често се јавува и остеопороза – заболување на коските, кога се намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Остеопорозата е за 4 пати почеста кај жените кои се во менопауза. Скршениците на коските кај овие луѓе можат да се случат и при најмала траума или оптоварување. Редовната физичка активност и здравата исхрана можат да ви помогнат да го намалите ризикот од појава на остеопороза. Со консумирање многу овошје и зеленчук кои изобилуваат со витамини (витамин D2, D3) можете да го спречите губењето на коскената маса. Исто така, ва- жно е континуирано изложување на сончева светлина. Првиот чекор за испитување на коскената густина е dexa scan снимањето (дензитометрија). Ова софистицирано снимање овозможува точно и прецизно одредување на густината на коскеното ткиво. Скенирањето е безболно и трае 10-20 минути. Бидејќи коскената густина кај жените се намалува по менопаузата, се препорачува овој преглед да се прави еднаш на две години.
Карцином на дојка
Еден од ризик-факторите за појава на карцином на дојка кај жените е возраста. Околу 95 отсто од жените кај кои е дијагностициран карцином на дојка се над 40-годишна возраст, а околу пола од нив се над 61 година. Затоа секоја жена во менопауза задолжително треба да прави мамографски контроли на дојките.
Карцином на еднометриум и јајчници
Ендометријалниот карцином според бројот на регистрирани пациенти е еден од најчестите типови канцер кои се јавуваат кај женската популација во менопаузата. Кај значителен број од жените кај кои се јавило постемнопаузално крвавење дијагностицирани се промени на ендометриумот од претканцерогени до канцер. Во периодот на пе
рименопауза и менопауза се зголемува можноста од појава на оваријални карциноми. Затоа во менопаузата жената треба да оди на редовни гинеколошки прегледи еднаш годишно. Овој преглед опфаќа ПАП тест и ултразвук. Пациентките што примаат долготрајна контрацептивна терапија имаат намален ризик од појава на еднометријален и оваријален карцином.
Кардиоваскуларни заболувања
Кардиоваскуларните заболувања се болести карактеристични за машката популација. Но, на возраст од 50 години тој сооднос се менува и срцеви заболувања подеднакво имаат и мажите и жените. Причина за ова е естрогенот кој има заштитна улога кога станува збор за кардиоваскуларното здравје на жената. Во менопауза кога нивото на естроген се намалува, се зголемува ризикот од овие заболувања. Затоа жените во менопауза мора да внимаваат и на здравјето на кардиоваскуларниот систем и да почнат со редовни кардиолошки прегледи, со кои би се спречиле посериозни компликации, како на пример срцев удар.