Губење на слухот со годините

Иако можеби не го доживуваме премногу сериозно, губењето на слухот е една од  состојбите кои се причина за изолирање на личноста од социјалниот живот и секојдневните активности. Луѓето кои имаат нарушен слух најчесто се срамат од тоа и се повлекуваат во себе. Затоа, многу е важно да се справите веднаш доколку забележите проблем со слухот бидејќи одложувањето на посетата на доктор може дополнително да ви го наруши слухот и да ве оттргне од активностите во кои претходно сте уживале.

Иако можеби не го доживуваме премногу сериозно, губењето на слухот е една од  состојбите кои се причина за изолирање на личноста од социјалниот живот и секојдневните активности. Луѓето кои имаат нарушен слух најчесто се срамат од тоа и се повлекуваат во себе. Затоа, многу е важно да се справите веднаш доколку забележите проблем со слухот бидејќи одложувањето на посетата на доктор може дополнително да ви го наруши слухот и да ве оттргне од активностите во кои претходно сте уживале.

 Оштетувањето на слухот и социјалниот живот

Намалувањето на способноста за слушање  звуци од надворешната средина се случува постепено па затоа е и потешко да се забележи. Најчесто овие лица мислат дека лицата кои им се обраќаат шепотат или мрморат нешто неразбирливо, а не ја бараат причината во себе. Или, пак, мислат дека слушаат коректно, а одговараат погрешно. Губењето на слухот е проблем кој предизвикува постепено повлекување на личноста, избегнување да се вклучи во конверзација од страв да не погреши, или едноставно изолирање од друштвото.

Не чекајте за да побарате стручна помош

Побарајте помош веднаш штом забележите дека имате проблем со слухот. Еве неколку совети:

– Колку порано побарате помош толку подобро ќе можете да се навикнете на начинот на звуците и говорот кои се засилуваат со помош на  слушните помагала. На тој начин ќе бидете подобро фокусирани на тоа што сакате да го слушнете.

– Доколку немате никаков проблем со слухот, направете тест за слух на двете уши штом наполните 55 години. Доколку работите во средина каде што има силна бучава, треба да правите редовни тестови за контрола на слухот.

– Разговарајте со вашиот доктор на оваа тема, дознајте каква состојба е наглото губење на слухот и што се може да ја предизвика.

Губењето на слухот може да сигнализира и други состојби

Губењето на слухот кое е поврзано со возраста се јавува постепено. Наглото губење на слухот кое не е поврзано со возраста може да биде знак за други заболувања.

Вирусна инфекција. Губењето на слухот може да биде последица на вирусна инфекција во организмот.

Губење на слухот на едно уво. Оштетувањето на слухот поврзано со возраста се јавува на двете уши одеднаш. Доколку забележите проблем со слухот на само едно уво, обратете се на доктор.

Зуење на ушите и вртоглавица. Ако губењето на слухот е придружено и со зуење во ушите и вртоглавица, можно е да станува збор за заболување на внатрешното уво што влијае на слухот и рамнотежата.

 Слушните помагала се вистинската помош

Со текот на годините слушните помагала стануваат сè подобри и нудат подобра адаптација на звукот од надворешната средина. Исто така, и формата и големината на слушните помагала е направена да изгледаат што подискретно, некои и воопшто не се забележуваат. 

Користете ги слушните помагала и слободно комуницирајте со околината. Контактот со околината претставува поддршка на целокупната состојба бидејќи постои силна врска помеѓу губењето на слухот и когнитивните функции. Затоа од голема важност е да имате активен дух и тело.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!