Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Прва помош при срцев удар

Подолго време по социјалните мрежи се споделуваат различни препораки за тоа како да си помогнете при појава на првите знаци на срцев удар.  Споделената препорака е да се почне со брзо и длабоко кашлање, кое треба да го одржи во свест пациентот и да му помогне да ја преживее кризата. Д-р Оливер Бушљетиќ, интервентен кардиолог, вели дека во реалниот живот, оваа состојба се развива брзо и пациентот нема време за реакција. Прочитајте ги неговите стручни совети за прва помош при појава на знаци на срцев удар.

„Исклучително важен е периодот од почетокот на срцевиот удар до првиот контакт со доктор, односно поставување на дијагнозата срцев удар. Во првите часови од почетокот на срцевиот удар, најголема опасност се т.н. живото-загрозувачки пореметувања во работата на срцето како изразито бавна срцева работа или изразито брза срцева работа.“ вели д-р Бушљетиќ.

D-r Oliver Bušljetić

Подолго време по социјалните мрежи се споделуваат различни препораки за тоа како да си помогнете при појава на првите знаци на срцев удар.  Споделената препорака е да се почне со брзо и длабоко кашлање, кое треба да го одржи во свест пациентот и да му помогне да ја преживее кризата. Д-р Оливер Бушљетиќ, интервентен кардиолог, вели дека во реалниот живот, оваа состојба се развива брзо и пациентот нема време за реакција. Прочитајте ги неговите стручни совети за прва помош при појава на знаци на срцев удар.

„Исклучително важен е периодот од почетокот на срцевиот удар до првиот контакт со доктор, односно поставување на дијагнозата срцев удар. Во првите часови од почетокот на срцевиот удар, најголема опасност се т.н. живото-загрозувачки пореметувања во работата на срцето како изразито бавна срцева работа или изразито брза срцева работа.“ вели д-р Бушљетиќ.

Што е срцев удар и како се манифестира

Срцевиот удар претставува прекин во циркулацијата на крвта низ одреден дел од срцевиот мускул, како последица на зачепување на коронарна артерија, односно артерија која се наоѓа на површината на срцевиот мускул и исхранува, снабдува со крв, одреден дел од срцевиот мускул. Со прекинот на исхраната, во тој дел од срцевиот мускул, настануваат низа метаболички пореметувања кои во тек на 6-12 часа доведуваат до изумирање на клетките на срцевиот мускул и трајни оштетувања на срцевиот мускул.

Срцевиот удар клинички се манифестира со појава на тегоби во градите како болка, притисок, тежина во градите, недостиг на воздух и др. Тегобите може да бидат со различна јачина но и локализација (долна вилица, стомак, лево рамо и рака …

Дијагноза и третман

Од исклучителна важност е правилната и правовремена дијагноза на срцевиот удар. Пациентот и неговата околина треба правовремено да ги препознаат симптомите, да помислат на можен почеток на срцевиот удар и веднаш да повикаат брза помош, која пациентот ќе го пренесе до најблиската медицинска установа. 

По поставување на дијагнозата срцев удар се превзема и соодветно лекување кое има за цел колку што е можно побро да се отвори затворената артерија и да се обезбеди нормален проток во сите делови на срцевиот мускул. Тука важи правилото: Времето е мускул. Колку порано се отвори коронарната артерија толку е помало оштетувањето на срцевиот мускул!

Зошто е важна брзата реакција

Во секојдневниот живот, исклучително важен е периодот од почетокот на срцевиот удар до првиот контакт со доктор, односно поставување на дијагнозата срцев удар. Во првите часови од почетокот на срцевиот удар, најголема опасност се т.н. живото-загрозувачки пореметувања во работата на срцето како изразито бавна срцева работа или изразито брза срцева работа. Тие доведуваат до прекин во циркулацијата на крвта низ телото, бидејќи срцето ја губи  механичката (“пумпна”) активност. При прекинот на циркулацијата на крвта, најосетлив орган е мозокот, па веќе по триесетина секунди пациентот паѓа в бесознание а по неколку минути настануваат трајни оштетување и смртен исход. Овие компликации, успешно се решаваат во медицинските установи преку нормализирање на срцевиот ритам со електростимулација или дефибрилација, односно прекин на аритмиите со краткотраен струен удар во пределот на срцето.

Но, во вон-медицински средини (дома, работно место, улица, превозни средства) лекувањето на овие состојби е тешко и за жал најчесто неуспешно. Потребно  е присуство на лица кои се обучени за т.н. срцево – белодробно оживување, кои веднаш пациентот кој е во бесознание ќе го постават во правилна положба, ќе повикаат брз помош и ќе започнат со надворешна масажа на срцето и вештачко дишење. Така ќе обезбедат барем минимална циркулација на крвта низ мозокот и ќе се спречат трајни оштетувања, додека не дојде екипа на брза помош со соодветна опрема и терапија.

Повеќе години, а особено со појавата на социјалните мрежи, се појавуваат препораки како пациентот сам да си помогне при појавата на вакви живото-загрозувачки аритмии. Препораката е да се почне со брзо и длабоко кашлање, кое треба да го одржи во свест пациентот и да му помогне да ја преживее кризата. Идејата е дека со кашлање постојано се зголемува и намалува притисокот во градниот кош, а преку тоа и на срцето, со што се одржува циркулацијата на крвта.
Но, во реалниот живот, оваа состојба се развива брзо и пациентот нема време за реакција. Дури и да почне со интензивно кашлање, тоа може да го одржи во свесна состоба дополнителни десетина секунди. Затоа оваа препорака е тешко остварлива и нема поголемо значење во реалниот свет.

Едукацијата е најважниот чекор

Она што е значајно е правилна едукација на секој поединец правовремено и правилно да ги препознаат симптомите на можен срцев удар. Особено, тие со зголемен ризик за срцев удар, како пациентите со висок крвен притисок, шеќерна болест, покачени масти во крвта и др. Правилна едукација за основно срцево-белодробно оживување и брзо повикување на екипата за брза помош. Во овој контекст е законот за поставување на т.н. дефибрилатори (уреди кои со краткотраен електричен удар имаат за цел да го нормализираат срцевиот ритам) на јавни места, достапни за брза интервенција.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!