Кога пробувате чевли, носете чорапи

Габичните инфекции на стапалата почесто се добиваат во летниот период и лекарите советуваат да се одржува високо ниво на хигиена и задолжително да се носат чорапи кога се пробуваат нови чевли. Дерматовенеролозите објаснуваат дека габични инфекции на стапалата се пренесуваат при контакт со заразена кожа или во допир со контаминирани предмети, односно пешкири, обувки и нестерилен сет за педикир.

Габичните инфекции на стапалата почесто се добиваат во летниот период и лекарите советуваат да се одржува високо ниво на хигиена и задолжително да се носат чорапи кога се пробуваат нови чевли. Дерматовенеролозите објаснуваат дека габични инфекции на стапалата се пренесуваат при контакт со заразена кожа или во допир со контаминирани предмети, односно пешкири, обувки и нестерилен сет за педикир.

“Топла и влажна средина на која е изложено стапалото во летниот период поради носење затворени обувки и зголемено потење, е идеална средина за развој и размножување на габичната инфекција. Еден од ризик-факторите е кога луѓето одат боси по влажни места, односно базените, сауните, подовите во јавните тоалети се најчестите места каде што се шират овие инфекции”, вели д-р Весна Пљакоска, дерматовенеролог во Клиничката болница “Аџибадем Систина”.

Некогаш, објаснуваат лекарите, не може да се утврди точниот извор на инфекцијата со габи, бидејќи симптомите може се манифестираат по одреден подолг период и затоа треба да се внимава на изборот на козметичар, да се користи стерилен сет за педикир.

“Од хигиенски причини, при купување чевли, тие секогаш треба да се пробуваат со чорапи”, вели д-р Пљакоска.

Таа објаснува дека се јавува и атлетско стапало, најчесто кај спортистите, односно микотична инфекција, кога стапалото постојано е изложено на зголемено потење.

Вообичаени симптоми на габична инфекција на стапалото се чешање, црвенило, пецкање, пукнатини меѓу прстите, лупење на кожата.

Габичната инфекција може да се прошири и на ноктите, кои ги менуваат своите форма и боја, а може да биде проследена и со карактеристичен мирис.

“Она што е потребно, како и при секое друго заболување, е да се постави прво дијагноза, која се поставува со клинички преглед од специјализиран доктор и со одредени микробиолошки испитувања. Ако се постави дијагноза за инфекција со габи, најчесто се препишува терапија во случаи кога е зафатена кожата или орална терапија кога се зафатени ноктите и поголема површина од кожата”, вели д-р Пљакоска.

Според лекарите, пациентите не треба сами да се лекуваат со разни кремови и препарати, бидејќи со погрешен третман може само да се влоши состојбата.

„Во секојдневната пракса, пациентите сами набавуваат кремови, што некогаш резултира со успех. Но, често тие кремови знаат да ја покријат вистинската клиничка слика, со што го пролонгираат и го комплицираат понатамошното лекување. Оралната терапија пациентите никогаш не треба да ја земаат на своја рака поради сериозни несакани ефекти”, вели д-р Пљакоска.

Co добра хигиена против инфекција

Дерматовенеролозите советуваат да се посвети добра хигиена на нозете за да се спречи појавата на габична инфекција, чие лекување, зависно од клиничката слика, може да трае и три-четири месеци. Стапалото и ноктите треба да бидат чисти и суви и по секое туширање темелно да се исушат ноктите и просторот меѓу прстите.

“Затворените чевли да се заменат со отворени, бидејќи ногата така ќе дише, а место тесни чевли, треба да се носат удобни, од природни материјали, кои ја пропуштаат влагата. Ако во текот на денот сте носеле чевли и сте се испотиле, пред повторно да ги облечете истите, оставете ги да се проветрат најмалку 24 часа. Користете антифунгален спреј или пудра, која ќе ја апсорбира потта од стапалата”, вели д-р Пљакоска.

Извор:Вест

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!