Поимот метастаза го опишува процесот кога карциномот се шири надвор од местото каде што започнал. Кога карциномот на простата ќе се прошири и низ другите делови од вашето тело, докторите велат дека тој метастазирал. Според теоријата, карциномот на простата може да се прошири во сите делови на телото, но во пракса повеќето случаи на овој карцином даваат метастази во лимфните јазли и коските. Опциите за третман се исти како карцином на простата, освен кога е направена хируршка интервенција за отстранување простата. Метастатскиот карцином на простата претставува најпреданата форма на карцином, може да се третира и контролира, а со тоа да го олесни животот на луѓето. Повеќето мажи со напредната форма на карцином на простата живеат нормален живот со години. Целта на третманот е умешно да се управува со симптомите и да се забави процесот на растење на карциномот.
Како се проширува?
До метастаза доаѓа кога клетките на карциномот се одделуваат од туморот и низ крвта и лимфата патуваат кон другите делови од телото. По некое време тие запираат во одреден дел од телото лепејќи се на некој мал капилар. Потоа канцерогената клетка го пробива ѕидот на крвниот сад и се прикачува на ткивото кое прво ќе го најде. Тие се размножуваат и формираат нов крвен сад кој носи хранливи материи до местото каде што е новиот тумор. Освен во коските и лимфните јазли, карциномот на простата може да метастазира во белите дробови, црниот дроб, мозокот, а во поретки случаи и на надбубрежните жлезди, дојките, очите, бубрезите, мускулите, панкреасот, плунковите жлезди. Повеќето канцерогени клетки кои се отцепиле од примарните клетки формираат нови тумори. Останатиот дел не можат да преживеат во крвотокот, умираат на местото на новиот тумор или остануваат неактивни со години.
Колкави се шансите да се развие метастатски карцином на простата?
Околу 50% од мажите кои имаат поставено дијагноза карцином на простата се под ризик дека ќе развијат метастатски карцином на простата во текот на животот. Навремената дијагноза и лекувањето може да ја намалат таа стапка. Мал процент од мажите воопшто немаат поставено дијагноза за карцином се дури тој не стане метастатски.
Како се дијагностицира метастатскиот карцином?
Кога ќе се постави дијагноза за карцином на простата, докторот ќе направи одредени испитувања како што се:
– Рендгенско снимање
– Компјутерска томографија
– Магнетна резонанца
– Скеннакоски
Со помош на овие тестови докторот може да се фокусира на сите делови од вашето тело и да провери дали и каде се проширил карциномот. Ако имате симптоми како што се болка во коските без причина, вашиот доктор може да ви препорача скен на коски, со што може да одреди дали имате метастатски карцином на коски.