Хеликобактер пилори – главен виновник за карциномот на желудник

Карциномот на желудник потекнува од внатрешната слузокожа на желудникот. Болеста почнува тивко и бавно, без одредени специфични симптоми на почетокот. Често овој вид карцином е асоциран со инфекција со хеликобактер пилори, која живее во гастричната слузница и се пренесува орално. Според Светската здравствена организација, оваа бактерија е главниот виновник или број еден карциноген во појавата на карциномот на желудник. За најчестите симптоми, дијагнозата и третманот разговаравме со д-р Владимир Аврамовски, специјалист по дигестивна хирургија.

Карциномот на желудник потекнува од внатрешната слузокожа на желудникот. Болеста почнува тивко и бавно, без одредени специфични симптоми на почетокот. Често овој вид карцином е асоциран со инфекција со хеликобактер пилори, која живее во гастричната слузница и се пренесува орално. Според Светската здравствена организација, оваа бактерија е главниот виновник или број еден карциноген во појавата на карциномот на желудник. За најчестите симптоми, дијагнозата и третманот разговаравме со д-р Владимир Аврамовски, специјалист по дигестивна хирургија.

Кои се главните симптоми на болеста?

Карциномот на желудник е подмолна болест и симптомите често се јавуваат кога болеста е во напредна фаза, односно многу зависат од локализацијата во желудникот. Од друга страна, доколку се јават симптоми, истите се карактеристични и за многу други болести затоа може да се игнорираат од страна на пациентите или лекарите. Најчести симптоми и знаци се: губење телесна тежина, болки во стомакот, гадење и повраќање, анорексија, тешкотии при голтање, крвавење, рана ситост, болка како чир. Само мал дел од пациентите со напредна фаза немаат никакви симптоми.

Како настанува канцерот на желудник?

Генетските карактеристики, како и еколошките фактори имаат влијание во развојот на многу водечки болести вклучувајќи го и карциномот на желудник. Се смета дека во 10% од случаите се пренесува во семејството. Лицата чии роднини од прв степен заболеле од карцином на желудник имаат 2-3 пати поголеми шанси да заболат од оваа болест за разлика од другите кои во семејството немаат заболен. Сепак, за да се прифати дека карциномот на желудник е наследна болест, треба да се исполнат три услови: најмалку 3 случаи на карцином на желудник, од кои најмалку двајца се роднини од прв степен; заболени од овој вид карцином во најмалку две едноподруго генерации или ако еден од заболените во семејството со карцином на желудник има под 50 год.

Дијагноза

Првите симптоми на карцином на желудник се проблеми со варење. Затоа, овој симптом може долго време да се игнорира од страна на пациентот. Неопходно е прво да се направи физички преглед, да се разгледа медицинската историја, како и да се направат одредени тестови. Ефикасен метод во дијагнозата е гастроскопија, процедура што овозможува директна визуелизација на внатрешноста на гастро-интестиналниот тракт. Најефективниот метод за дијагноза е гастроскопија и за време на испитувањето да се направи биопсија. Дополнителните испитувања опфаќаат и КТ скен.

Како се лекува?

Третманот на карцином на желудникот зависи од типот на карциномот и фазата во која е дијагностициран-проширен. Ефикасен и траен третман на карциномот на желудник е хируршка интервенција, која ја зголемува стапката на преживување на пациентот доколку се направи во раните фази на болеста. Во третманот на карцином на желудник се применува и радиотерапија и хемотерапија. Овие третмани обично се применуваат пред или по операција. Хемотерапијата го спречува растот и ширењето на канцерогените клетки, додека со помош на радиотерапијата и премената на Trilogy се постигнува подобра локална контрола на болеста.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!