Исхрана при онколошки третман

Според најновите истражувања, неправилната исхрана е одговорна за речиси 1/3 од вкупниот број на малигни заболувања, па затоа вниманието кон овој ризик фактор се наметнува како еден од важните сегменти во третманот на пациентите со канцер

Консумирањето здрави производи пред, за време и по онколошкиот третман ќе ви помогне да се чувствувате подобро и побрзо да закрепнете. Според д-р Александра Хаџи-Димова, диетолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, канцерот е болест на хронично нарушен метаболизам, па самото внесување храна која би можела да влијае на биохемиските процеси во организмот со цел да помогне во спречувањето на канцерогените процеси, да го подигне имунитетот и да го врати метаболизмот на нормално ниво е единствено храна која е имуностимулативна и содржи нутриенси одговорни за борба со малигните клетки.

Детектирање на имунитетот

Диетолозите советуваат дека е неопходно запознавање на здравствената состојба на целиот организам кај секој пациент поединечно при што се проценува колку е ослабен имунитетот, колку енергија му е потребна на организмот за варење на храната, дали пациентот има и други придружни заболувања. Се зема предвид и локализацијата на малигниот процес со неговиот стадиум, дали пациентот е пред, за време или по онколошки третман (хирургија, хемотерапија, зрачна терапија) и врз основа на сето ова освен општата антиканцер исхрана диетологот се одлучува и за одредена специфичност во диетотерапијата.

Што да консумирате?

Оние совети кои за здравиот човек се во служба на превенција од заболување, кај пациентот со малигнен процес се преточуваат во диетотерапија со препорачан ритам на внесување или избегнување на соодветна храна. Антиканцер нутритивниот протокол вели „не“ за индустриски преработената рафинирана храна, како и трансмасните киселини за кои се смета дека доколку се многу застапени во секојдневната исхрана може да се причина за настанување на канцерот. Алкохолот, никотинот, вештачките засладувачи во диеталните напивки се навики кои го компромитираат здравиот животен стил, а во случајот на третман на канцер го компромитираат самиот процес на лекување. Оваа програма ја вклучува храната за која постојат бројни докази дека ги уништува канцерогените клетки и има антиоксидансни својства. Такви се цитрусните овошја, овошјето со темновиолетова, црвена или портокалова боја, потоа свежиот морков, цвеклото, брокулата, зелката, коренот на целерот, ’рдоквата, куркумата, доматот. Ѓумбирот е ефикасно средство против гадење и повраќање, а може да им помогне и на пациентите на хемотерапија. Црното семе, црниот ким, лененото семе, ехинацеата, алое верата, спирулината, нони, гоџи, акаи бобинките влијаат во процесот на лекување на канцерот или во намалување на негативните ефекти од онколошкиот третман кај пациентот. Важни се и витамините и минералите – витамин Ц (зелена пиперка, грашок, брокули, кељ, домат, карфиол), витамин Е (брокули, морков, репка, блитва, зелје, ореви, тиква, сончогледови семки), потоа минералот цинк кој го има во кефирот, леблебијата, семките од тиква, индиските ореви, какаото, печурките, спанаќот. Минералот селен кој има позитивни ефекти против карциномот на дојка, желудник, простата, црн дроб и мочен меур го има во нерафинираните житарки, пченката, лукот, застапен е во жолчката од јајцето заедно со витаминот Е, кој се содржи во рибата и морските плодови, морската сол. Важен е и витаминот Д, потоа омега-3 масните киселини, пробиотиците, сурутката, глуканите.

Диета и движење

Секој слободен миг користете го за некаква спортска активност, во дневното мени вметнете многу зеленчук, овошје и непроцесирана храна, јаткасто овошје, растителни протеини, житарки. На здравствената состојба влијае и загадениот воздух, намаленото внесување течности, намалената активност, стресот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!