Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Знаци на аутизам кај децата

Факт е дека драстично е зголемен бројот на новодијагностицирани случаи на деца со пореметување од групата на аутистичен спектар. Но, под оваа дијагноза  многу често се провлекуваат и други невроразвојни растројства како што се: интелектуална попреченост; специфични растројства во учењето-дислекција, дисграфија, дискалкулија, диспраксија или пореметување на моторната координација; говорни нарушувања и психооцијална депривација.

Лицата со аутистичен спектар на пореметување многу често имаат стереотипни движења, склоност кон изолација од околината и многу ограничен спектар  на интерес за надворешниот свет. За тоа како да препознаете аутистичко дете одговор ни даде д-р Анета Демерџиева, педијатар во Клиничката болница „Аџибадем Систина„.

Што е аутизам?

Аутистичниот спектар е комплексно пореметување кое трае цел живот. Се нарекува развојно нарушување затоа што првите знаци и симптоми се јавуваат секогаш пред третата година од животот, во најинтензивиот развоен период и се манифестира  со проблеми во вербалната и невербалната комуникација, социјалната интеракција со другите луѓе и репетитивно поведение поврзано со рутини и шеми во секојдневните активности. Аутистичниот спектар на пореметувања според новата Класификација на болестите опфаќа  нарушување во: социјална интеракција и комуникација и во сферата на интереси и активности на засегнатите индивидуи.

Рани знаци на препознавање

Рани знаци што треба да го натераат родителот да се посомнева и да побара лекарска помош се: на 6 месечна возраст доенчето не се смее; на 12 месечна возраст не гуга, не кажува слогови, не покажува со прст и не прави одредени гестикулации; на 16 месеци сеуште не кажува  прости зборови; на 24 месеци не користи фрази од 2 збора; нема напредок и често дури има регресија во развојот – детето престанува да ги користи зборовите кои ги знаело и ги губи стекнатите социјални вештини. Многу алармантен знак е отсуство на контакт со очи.  Како расте детето се повеќе се однесува како да не ги забележува луѓето кои го опкрзжуваат.

Кога се поставува дијагноза?

Вообичаено диајагнозата се поставува на возраст од 3 години иако експертите тврдат дека со внимателна опсервација суптилни знаци можат да се забележат веќе на возраст од 6 месеци. „Црвени знаменца„ кои сигнализираат потреба од лекарска консултација се следните симптоми: детето не реагира на сопственото име; вознемирено е и не знае да каже што сака; има задоцнет или отсутен развој на говорот; не одговара на задачите кои му ги поставува родителот; на моменти се однесува како да е глуво; не покажува со прст кон предметите кои сака да ги добие; престанува да ги користи зборовите кои веќе ги употребувало; манифестира агресивно и автоагресивно поведение (многу изразени тантриуми); има стереотипии; хиперактивно е, не соработува или се инаети; не знае како да игра со играчките; не одговара со насмевка кога му се смеете; избегнува контакт со очи; најчесто игра само и многу често е фиксирано за иста играчка или одреден предмет; живее во сопствен свет; врзано е за ритуали во секојдневниот живот и силно се вознемирува кога истите ќе се нарушат – ги реди играчките по точно определен редослед, се облекува секогаш по некој сопствен ред, се движи по точно утврдена патека по домот.

Третман

Кога родителот ќе се посомнева, а педијатарот и детскиот психијатар по сериозна клиничка обработка ќе ја потврдат дијагнозата потребен е третман. Раниот третман значително го подобрува исходот и го оспособува детето за посамостоен живот. Подоброто социјално комуницирање, значи и подобра комуникација и когниција а сето ова ја намалува анкциозноста и го редуцира репетитивното поведение.

 

Сподели: