КАКО ФУНКЦИОНИРА ОЗОН-ТЕРАПИЈАТА И ЗА КОИ БОЛЕСТИ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ?

Озонската терапија е нов нетрадиционален метод за лекување на разни болести, особено во случаи кога традиционалните методи се немоќни. Истражувањата покажуваат дека ефектот на озон е неверојатен, а позитивен ефект се забележува веднаш по првата сесија. Овој тип третман се изведува преку аплицирање на интравенска озонска терапија. Од пациентот се зема крв од вена во количина од 50 до 150 мл и се инјектира мешавина на озон и кислород во неа. Понатаму сите компоненти нежно се мешаат, па коктелот се аплицира интравенозно кај пациентот.

Кога се користи?

Овој тип терапија може да се користи за општо зајакнување и зајакнување на одбраната на телото. Ги подобрува менталните и физичките перформанси, помага да се ослободи од чувството на замор. Постапката може да се комбинира со третман со лекови или други физички техники. Озон-терапија се користи при следниве индикации за третман:

• ангиопатија

• атеросклероза

• дијабетес

• хепатитис од различно потекло

• надворешни улкуси (рани како последица на венска болест) и лезии на кожата

• дијабетична гангрена

• нарушувања на артериска и венска циркулација

• мозочен удар

• нарушување во церебралната циркулација

• остеомиелитис

• разни заразни заболувања

• состојби на имунодефициенција

• алергиски болести

• воспалителни болести на респираторниот тракт

• долготрајни чиреви или рани

• воспалителни болести на горниот респираторен тракт.

Покрај тоа, постапката се препорачува за: активирање на метаболички процеси; зајакнување на имунитетот; подобрување на циркулацијата на крвта и лимфниот проток; забрзување на процесите на регенерација на ткивата; повлекување на токсини; зголемување на виталноста; враќање на работниот капацитет; нормализација на ендокриниот систем. Озонската терапија интравенозно ја промовира синтезата на биолошки активните супстанции, ги забрзува метаболичките процеси на плазматските и клеточните мембрани, зголемувањето на кислородот води до активирање на црвените крвни клетки – еритроцити. Системскиот пристап придонесува за подобрување на снабдувањето со крв во ткивата, како и за обновување на метаболичките процеси во засегнатите органи. Озонот има aнтибактериски својства (најсилен од сите познати и употребени средства за бактерицидна заштита), дејствува против вируси и против габички. Ја подобрува оксигенацијата на ткивото, односно заситеноста со кислород, го потиснува воспалението на ткивото. Кога се користи во високи концентрации (3000-4000 mg) – работи како имуносупресивна терапија, a кога се користи во ниски концентрации (300-400 mg) – ја зголемува отпорноста на локалните ткива и на целиот организам.

Како се изведува постапката?

Интравенската терапија започнува со консултација со доктор. Во почетната фаза, специјалистот ја утврдува достапноста на индикации и контраиндикации за употреба на озон како автохемотерапија. Просечната количина активен кислород за една постапка е 200-400 мл.  Се поставува интравенозна линија, а времето од земање крв до апликација на озонираната крв трае 15-30 минути. Пред апликација на озон, пациентот се советува да земе лесен оброк, а не треба да пуши 30 минути пред и по постапката. По завршување на апликацијата на озонот,  потребно е да одморите 30 минути. Терапијата со озон не влијае врз концентрацијата и вниманието, така што можете да ги вршите секојдневните активности. За подобрување на општата состојба е препорачан третман од 6 до осум (8) озон-автохемотерапии, при хронични состојби се препорачани четиринаесет (14) автохемотерапии. Озон-автохемотерапијата се изведува секој втор ден, а времетраењето на една сесија е 30 минути. Постапката ја елиминира болката, овозможува брзо заздравување и регенерација на здрави ткива.

Кога не треба да се прави озон-терапија?

Контраиндикации за автохемотерапија се: активна форма на туберкулоза, онкологија, бременост и доење, кардиоваскуларна и ренална инсуфициенција, акутни психози, епилепсија и акутни срцеви напади. Привремени контраиндикации се: менструален циклус, акутни заразни болести со треска, алкохолна интоксикација.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!