6 совети за здрава тежина во бременост


Бремени сте – и возбудени сте за вашата нова улога.

Но, со бременоста се јавуваат и многу прашања, најчесто за вишокот килограми. Постојат многу причини зошто треба да одржите здрава телесна тежина за време на бременоста. Но, како да го остварите ова? Започнете со овие шест совети за да бидете здрави вие и вашето бебе.

sistina


Бремени сте – и возбудени сте за вашата нова улога.

Но, со бременоста се јавуваат и многу прашања, најчесто за вишокот килограми. Постојат многу причини зошто треба да одржите здрава телесна тежина за време на бременоста. Но, како да го остварите ова? Започнете со овие шест совети за да бидете здрави вие и вашето бебе.

1. Индекс на телесна маса (BMI)

Вашиот доктор ќе ви помогне да ја добиете соодветната тежина врз основа на вашиот индекс на телесна маса. На пример, доколку имате нормални вредности (25-29 BMI) тогаш треба да качите 7 до 11 килограми. Доколку имате вишок килограми (BMI над 30) тогаш вашата тежина треба да се зголеми за 5 до 9 килограми. Кога ќе дознаете колку треба да ја зголемите вашата тежина, тогаш може да се потрудите да ја задржите.

2. Внимавајте на големината на оброците

Секогаш јадете одредена количина за време на оброците, а истовремено зголемете го внесот на протеини за да останете сити помеѓу оброците. Протеинот е неопходен не само за растот и развојот на вашето бебе туку и за одржување на нивото на гликоза во крвта во текот на денот. Добри извори на протеини се павлаката, безмасното млеко, сирење со мала масленост, риба, пилешко месо, јајца и месо без голем процент на маснотии.

3. Пијте вода

Пијте од 10 до 11 чаши вода дневно. Лесно може да ја помешате гладта со жедта и да ја задоволите жедта така што ќе се прејадете. Генерално, во текот на бременоста треба да пиете повеќе вода.

4. Движете се

Правете лесни вежби секој ден кои ќе траат 30 до 45 минути. Брзо одење, пливање, јога и вежби за зајакнување се соодветни за време на бременоста, но се разбира со дозвола на вашиот доктор.

5. Намалете ја вашата стрвност

Доколку сте стрвни, обидете се да се воздржите. Уште подобро е доколку најдете нискокалорична храна како замена за вашата омилена храна. Доколку имате потреба да јадете мраз, хартија или креда, веднаш јавете се кај вашиот доктор. Ова најчесто е знак дека имате недостиг од хранливи матери.

6. Побарајте помош

Губењето и одржувањето на килограмите е тешка задача за секого, но гладта за време на бременоста може да биде уште потешка. На почетокот од бременоста консултирајте се со нутриционист за да најдете начин како да се воздржите од дополнителните калории и да најдете здрава алтернатива за висококалоричната храна. Мала помош од експерт може многу да помогне во креирањето на добар нутриционистички план.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!