Зошто го губиме апетитот кога сме болни?

На сите ни е добро позната ситуацијата кога телото ќе се предаде на вирусите и бактериите, па во моментите кога му е потребна најмногу енергија и хранливи состојки, едноставно остануваме без апетит и гладуваме. Тогаш дури и највкусната и омилена храна го губи својот вкус.

Една поговорка вели јади кога си настинат, а гладувај кога имаш температура, додека, пак, експертите сметаат дека ниту гладувањето, ниту прејадувањето нема да го забрзаат процесот на заздравување.

Без оглед на сè, симптомот на губење апетит е забележан кај сите кои се настинати или имаат грип, но зошто се случува тоа и како да бидеме сигурни дека во нашето тело сме внеле доволно храна за побрзо заздравување?

Кога сме настинати и кога имаме грип, тоа се две сосема различни состојби, а нашето тело за секоја од нив има подготвено посебни одговори. Варењето на храната исто така троши енергија, па во периодот додека не јадеме значи дека нашето тело ја складира енергијата. Губењето на апетитот за краток период може да биде од корист, но доколку подолго време не сакаме да јадеме, може да предизвика и проблем.

Затоа стручните лица препорачуваат да го слушаме своето тело, кога тоа ни испраќа сигнали на глад треба да внесуваме храна, во спротивно , треба да внесуваме многу течности и да одмораме. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!