И грипот и настинката можат да ве направат да се чувствувате мизерно. Но, можат да бидат предизвикани од различни причинители и места. Експертите подолу ни објаснуваат како да ги разликуваме.
Грип
Виновник
2 типа на инфлуенца вирус
Ги напаѓа носот, грлото и белите дробови
Пренесување
Преку вдишување или контакт со контаминирана површина
Симптоми
Треска, болки, грозница и замор. Исто така, може да предизвика главоболка, болки во грлото и груба кашлица. Кај децата може да се јават симптоми на повраќање и дијареа.
Краен резултат
2 -4 дена во кревет. Може да доведе до бронхитис, синуси или воспаление на увото, пневмонија. Понекогаш може да биде потребна итна хоспитализација, а во многу ретки случаи и смрт. Бременоста, хроничната медицинска состојба, како и староста ги зголемуваат ризиците од дополнителни компликации.
Превенција
Годишна вакцина за сите деца кои имаат над 6 месеци, посебно за бремените жени и оние кои имаат проблеми со белите дробови од типот на астма или хронично опструктивно белодробно заболување.
Лекување
Лежење во кревет, течности и лекови препорачани од доктор. Антивирални лекови можат да го скратат времетраењето на грипот доколку се земат навреме.
Настинка
Виновник
Повеќе од 200 типа риновирус
Ги напаѓа носот и грлото
Пренесување
По пат на вдишување или контакт со контаминирана површина
Симптоми
Растечен нос, кивање, назална конгестија. Често е проследена со болки во грлото, блага кашлица, благи болки и замор. Кај малите деца може да се јави треска.
Краен резултат
Може да трае од 1 до 3 недели
Превенција
Постојано миење на рацете. Внесот на витамин Ц може да го скрати времетраењето на настинката.
Лекување
Препишани лекови