Сè што треба да знаете за жолтицата кај вашето новороденче


Дојде долгоочекуваниот миг. Станавте мајка. Додека сè уште се привикнувате на новата улога, доаѓа вашиот доктор и ви вели дека вашето новороденче има жолтица. Немојте да паничите, тоа е нормално. Ви даваме одговор на најчестите прашања за жолтицата кај новороденчето.

Што е жолтица?

Жолтицата кај новороденче е состојба која настанува како резултат на зголемена количина на билирубин во крвта на новороденчето. Билирубинот (соединение со жолта боја) е нормален продукт на разградба на еритроцитите.

sistina

Дојде долгоочекуваниот миг. Станавте мајка. Додека сè уште се привикнувате на новата улога, доаѓа вашиот доктор и ви вели дека вашето новороденче има жолтица. Немојте да паничите, тоа е нормално. Ви даваме одговор на најчестите прашања за жолтицата кај новороденчето.

Што е жолтица?

Жолтицата кај новороденче е состојба која настанува како резултат на зголемена количина на билирубин во крвта на новороденчето. Билирубинот (соединение со жолта боја) е нормален продукт на разградба на еритроцитите.

Тој од организмот, по претходна преработка во црниот дроб, се отстранува преку цревниот систем. Кај новороденчињата постои нерамнотежа меѓу продукцијата и елиминацијата на билирубин, поради што настанува зголемување на вредностите на билирубин во циркулацијата. Жолтицата кај новороденчињата клинички е видлива кај околу 50 % од доносените новороденчиња и кај околу 80% од предвремено родените. Најчесто поминува без третман, или со минимални интервенции.

Кои се знаците на жолтица?

Класичен знак кај новороденче е жолтата пребоеност на кожата, слузокожите и белките на очите. Обоеноста на кожата се шири од лицето кон долните екстремитети, додека повлекувањето на жолтицата е по обратен редослед. Токму затоа, лицето на новороденчето најдолго е видливо жолто. Повисоки вредности на билирубин во крвта може да доведат до послабо цицање и поспаност.

Колку типа жолтица постојат?

Најчеста е т.н. физиолошка жолтица. Таа се јавува во текот на вториот или третиот ден по раѓање кај доносените, т.е. четвртиот или петтиот ден кај недоносените. Оваа жолтица трае околу 2 недели, некогаш и подолго кај новороденчињата хранети исклучиво со мајчино млеко, а потоа спонтано, постепено се повлекува. Патолошка жолтица е резултат на крвно-групна несоодветност меѓу мајката и детето. Неретко причината е недоносеност или раѓање со помала телесна тежина. Други причини за патолошка жолтица се: инфекции, хипооксија, асфиксија, породилни трауми, внатрешни крвавења, болести на црниот дроб, ензимски дефицити, абнормалности во обликот на еритроцитите, хемоглобинопатии, аномалии на жолчните патишта, тироидна инсуфициенција, метаболни болести итн… Како посебен тип жолтица се издвојува лактациската или жолтица од мајчино млеко. Таа е честа и продолжена жолтица за која се смета дека се должи на постоење на некои супстанции во мајчиното млеко кои доведуваат до пораст на билирубинот. Вообичаено се јавува подоцна, во втората недела по раѓањето, но и кога е силно изразена, децата изгледаат здраво, добро напредуваат.

Како се дијагностицира?

Во зависност од времето на појава на жолтицата, нејзиниот интензитет, од тоа дали се јавува кај доносено или недоносено, болно или здраво дете, неонатологот кај секој поединечен случај одлучува дали и кои испитувања се неопходни. Најточни податоци се добиваат со лабораториски анализи на билирубинот во крвта. Патолошките жолтици бараат низа специфични дополнителни испитувања со цел да се открие основната причина или заболување.

Како се лекува?

Бидејќи во најголем дел од случаите се работи за физиолошка жолтица, доволно е само внимателно следење на новороденчето и проценка на ризик-факторите за појава на патолошки тип жолтица. Мајката се советува почесто да дои, со што се забрзува пасажата низ цревата, а со тоа и отстранувањето на билирубинот. Само во случаи на пролонгирана лактациска жолтица со високи вредности на билирубин може да треба да се прекине доењето во тек на 2-3 дена и исхрана со формула. Мајката за тоа време треба да ја одржува лактацијата со одмолзување, а потоа да продолжи со доење.

Што е фототерапија?

Во лекувањето на жолтиците се користи т.н. фототерапија. Кожата на новороденчето се изложува на ултравиолетова светлина со одредена бранова должина, која има способност да го разгради и побрзо да го отстрани билирубинот од организмот. Постојат повеќе начини на изведување на фототерапијата – сместување на новороденчето во т.н. били-креветче, во инкубатор, употреба на двојни ламби, били-ќебенца и др. Со цел да има поголем ефект поголема површина од кожата на бебето се изложува на фототерапија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!