Што треба да знаете за хепатитис Ц?

Што е хепатитис Ц?

Хепатит Ц е вирусна инфекција на црниот дроб. Според Светската здравствена организација, од овој вирус се заболени повеќе од 170 милиони луѓе во светот.  Ако навремено не се дијагностицира и лекува, може да се претвори во доживотно заболување на црниот дроб.

Што е хепатитис Ц?

Хепатит Ц е вирусна инфекција на црниот дроб. Според Светската здравствена организација, од овој вирус се заболени повеќе од 170 милиони луѓе во светот.  Ако навремено не се дијагностицира и лекува, може да се претвори во доживотно заболување на црниот дроб.

Како може да се заразите?

Највообичаен начин да се добие оваа болест е при размена на игли или друга опрема што се користи при инјектирање дрога. Медицинските лица можат да се заразат доколку дојдат во контакт со употребена игла од заразен пациент или при тетовирање. Вирусот не се пренесува преку бакнување, гушкање или споделување на прибор за јадење.

Кои се симптомите?

Повеќето луѓе кои имаат хепатит Ц немаат никакви симптоми. Доколку, пак, се појават симптоми може да бидат треска, гадење, повраќање, болки во стомакот, умор или глад. Но бидејќи овие симптоми се карактеристични за повеќе болести, најдобар совет е да посетите доктор доколку не се чувствувате добро.

Постојат ли долгорочни ризици?

Доколку имате хепатитис Ц најбитно е да се лекувате. Ако болеста не се лекува долги години таа може да го оштети црниот дроб. Како посериозни компликации може да се појават цироза или карцином на црн дроб. 

Дијагностицирање на хепатитис Ц

Вашиот лекар може да дијагностицира дали сте заразени со хепатитис Ц со едноставен тест на крвта.  

Грижете се за себе

Не постојат посебни видови храна која може да ви помогне во борбата против хепатит Ц, но тоа секогаш дајте ѝ предност на здравата и добро избалансирана храна. Избегнувајте алкохол, кој може штетно да влијае врз вашиот црн дроб.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!