Алергиски ринит – хронично воспаление на носната лигавица

Алергиските болести се во постојан пораст, особено во високоразвиените земји. Се смета дека секој втор жител на Европа има некоја алергиска манифестација, а најчесто (15 - 30% од случаите) тоа е алергиски ринит. Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог во Клиничката болница „Аџибадем Систина” објаснува дека алергискиот ринит е хронично воспаление на носната лигавица, кое се манифестира со симптоми слични на настинка како назална секреција. Назална конгестија, кивање и чувство на тежина во синусите. Ваквите симптоми се предизвикани од алергиска реакција на алергени како полените, домашниот прав, животинските влакна и сл. Кај дел од пациентите симптомите се присутни во тек на целата година, додека кај други состојбата се влошува во одредени периоди од годината (пролет, есен).

Алергиските болести се во постојан пораст, особено во високоразвиените земји. Се смета дека секој втор жител на Европа има некоја алергиска манифестација, а најчесто (15 – 30% од случаите) тоа е алергиски ринит. Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог во Клиничката болница „Аџибадем Систина” објаснува дека алергискиот ринит е хронично воспаление на носната лигавица, кое се манифестира со симптоми слични на настинка како назална секреција. Назална конгестија, кивање и чувство на тежина во синусите. Ваквите симптоми се предизвикани од алергиска реакција на алергени како полените, домашниот прав, животинските влакна и сл. Кај дел од пациентите симптомите се присутни во тек на целата година, додека кај други состојбата се влошува во одредени периоди од годината (пролет, есен).

Какви проблеми предизвикува алергискиот ринит?

Симптомите на алергиски ринит може сериозно да го нарушат квалитетот на животот и да влијаат на способноста за извршување на секојдневните обврски на работното место и во училиштето. Исто така, ваквата состојба влијае и врз квалитетот на сонот, на болниот станува ненаспан, деконцентриран и заморен. Алергискиот ринит доведува и до влошување на астматските тегоби. до промени на слузницата на носот и синусите со развој на синузити и носна полипоза, како и зголемен ризик од развој на воспаленија на увото, особено кај деца. Симптомите обично се јавуваат непосредно но изложувањето на специфичниот алерген. a се манифестираат со:

– Бистра назална секреција
– Назална конгестија (затнат нос)
– Кивање
– Кашлица
– Чешање на носот, непцето и грлото
– Чувство на исполнетост на синусите и лицева болка
– Намален осет за мирис и вкус

Иако алергискиот ринит може да се јави во кој било период од животот, вообичаено е да се развие во тек на детството и младоста. Co тек на годините симптомите на алергиски ринит кај повеќето пациенти полека се намалуваат.

Дијагностицирање

Во случај да постои сомнение за алергиски ринит, потребно е да се направи клинички преглед и ендоскопија на горните дишни патишта, а потоа и кожни алерго тестови на инхалаторни алергени. Исто така се одредува и нивото ма вкупните и специфичните IgЕ. во серум.

Лекување

Основната постапка во лекувањето на алергискиот ринит е избегнување на алергенот, доколку тоа е возможно. Основен предуслов за ваквата превенција е точно да се знае алергенот на кој сме алергични. Доколку со работи за алергија на животински влакна. треба да се избегне чувањето на домашни миленичиња во станот. Доколку се работи за домашна прашина треба да се обезбеди минималистичко уредување на просторот во кој престојуваме, редовно чистење со влажна крпа и без непотребни предмети во него. Кај поленските алергии се препорачува во периодот на цутење да се држат прозорците затворени, а да се проветрува со климатизери со посебни филтри за полен. При појава на симптомите треба да се почне со медикаментозна теранија. Кај поблагите облици на болеста се користат неседирачки антихистаминици. Кај потешките облици покрај антихистаминиците се користат и тописки кортикостероидни препарати во облик на назален спреј. Деконгестивните капки за нос смее да се користат само краткотрајно (неколку дена) кога симптомите се најизразени.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!