Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Аневризма на мозок

На местата каде се делат големите крвни садови во мозокот може да постојат „темпирани бомби“ аневризми, кои никогаш не се знае кога ќе „експлодираат“. Аневризмите или проширената артерија најчесто се вродени аномалии што може да се присутни подолго време кај пациентот, а тој да не чувствува никакви симптоми. Според проф. д-р Јовица Угриновски, неврохирург, аневризмата многу ретко може да се дијагностицира на рутински прегледи бидејќи не манифестира никакви симптоми. Во голем број случаи се открива кога ќе прсне и прокрвави, а ваквата состојба е опасна по животот за пациентот.

На местата каде се делат големите крвни садови во мозокот може да постојат „темпирани бомби“ аневризми, кои никогаш не се знае кога ќе „експлодираат“. Аневризмите или проширената артерија најчесто се вродени аномалии што може да се присутни подолго време кај пациентот, а тој да не чувствува никакви симптоми. Според проф. д-р Јовица Угриновски, неврохирург, аневризма на мозок многу ретко може да се дијагностицира на рутински прегледи бидејќи не манифестира никакви симптоми. Во голем број случаи се открива кога ќе прсне и прокрвави, а ваквата состојба е опасна по животот за пациентот.

Кои се ризик фактори за развој на aневризма на мозок?

Причини за развој на аневризма може да бидат генетски предиспозиции или, пак, атеросклероза која е дел од процесот на стареење. Следниве ризик фактори може да го зголемат ризикот за аневризма или, доколку постои, да го зголемат ризикот од пукање:

Семејна историја. Пациентите кои во своето семејство имаат роднини кои имале мозочна аневризма имаат поголема веројатност и кај нив да се развие аневризма.

Претходна аневризма. Пациентите кои веќе имале аневризма имаат поголема веројатност да се појави друга аневризма.

Пол. Жените имаат поголем ризик од мозочна аневризма за разлика од мажите.

Висок крвен притисок. Пациентите со висок крвен притисок имаат поголем ризик од прскање на аневризмата и мозочно крвавење.

Пушење. И покрај тоа што пушењето може да доведе до зголемен крвен притисок, исто така го зголемува ризикот од пукање на аневризмата. Најчесто аневризмата пука кога има нагло зголемување на крвниот притисок, потоа при стрес или големо возбудување. Исто така, тешка физичка активност, кревање тешко може да доведе до руптура. Меѓутоа, не ретко аневризмата може да пукне и во тек на мирување или спиење.

Како да се препознае аневризмата, дали постојат симптоми?

Повеќето мозочни аневризми не даваат никакви симптоми и најчесто се откриваат случајно за време на дијагностички процедури. Во други случаи доколку аневризмата притиска на околното мозочно ткиво може да јават симптоми како тешки главоболки, промени во говорот, болки во вратот, заматен вид. Еден типичен невролошки симптом за аневризмата е спуштање на капакот на едното око, кој може да ја разоткрие аневризмата. Во ретки случаи поради главоболка или вртоглавици, пациентот се снима на магнетна резонанца каде се дијагностицира аневризмата. Симптомите на пукната аневризма често може да се јават ненадејно.

  • Ако ги имате следниве симптоми веднаш да се јавите на лекар:
  • Ненадејна и тешка главоболка, различна од претходно
  • Болка во вратот
  • Гадење и повраќање
  • Чувствителност на светлина
  • Несвестица или губење на свеста
  • Напади

Како се лекува аневризмата?

Кога аневризмата ќе прсне, мора да се направи хируршка интервенција во рок од 72 часа. По овој временски период, артериите се стеснуваат и се- која манипулација со нив може да доведе до зголемено згрчување на крвните садови и до исхемија, и до целосно изумирање на делови од мозокот. По- стојат два хируршки пристапа. Доколку аневризма- та пукне и пациентот е во свесна состојба без невролошки испади, тогаш во рок од 72 часа се прави интервенција. Другиот пристап е одложена хирургија, по одреден временски период, кога мозокот е стабилизиран и резултатите се подобри. За време на хируршката интервенција, на вратот на аневризмата се става метален клип, со што аневризмата се исклучува од циркулација. Исто така, постои и ендоваскуларно исклучување на аневризмата од циркулацијата (coiling). По хируршката интервенција, овие пациенти се сметаат за трајно излекувани.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!