Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Анксиозни состојби и панични напади

Најчестата состојба поради која денес се бара психијатриска помош се состојбите на зголемена анксиозност и манифестациите дефинирани како панични напади. Затоа, за ваквите состојби денес често зборуваме како за перманентна епидемија на денешницата. Евидентниот тренд на пораст на оваа проблематика може да се објасни од повеќе аспекти, но јасно е дека е повеќепричински.

Најчестата состојба поради која денес се бара психијатриска помош се состојбите на зголемена анксиозност и манифестациите дефинирани како панични напади. Затоа, за ваквите состојби денес често зборуваме како за перманентна епидемија на денешницата. Евидентниот тренд на пораст на оваа проблематика може да се објасни од повеќе аспекти, но јасно е дека е повеќепричински.

Еден значаен фактор претставуваат растечките барања и предизвици на модерното време, т.е. технолошкиот прогрес кој нуди нови и се пософистицирани можности  во сферата на комуникацијата. Таквата состојба создава напнатост и стрес, со други зборови – анксиозност. Од друга страна, “видливоста“ на трендот на пораст на растројствата на анксиозност е сè поголема заради сè поголемото разбивање на предрасудите врзани за психичките растројства и психичките проблеми воопшто, што го зголемува бројот на лица кои се обраќаат кај психијатар, а тоа дозволува да се покаже колку е висока преваленцата на анксиозните состојби.

Директна и индиректна поврзаност помеѓу анксиозност и депресија

Директната поврзаност се должи на сознанијата дека депресивноста и стравот се надоврзуваат како чувства кај секој човек уште од најраниот психолошки развиток, кога практично и не можат потполно да се одвојат едно од друго. Како по правило, во возрасниот период се случува анксиозните состојби да почнат видливо да се пројавуваат во ситуации на егзистенцијална фрустрација, т.е. губиток на животната смисла. Многу често на анксиозните состојби им претходат соочувања со стресогени ситуации кои кај личноста будат истовремено и страв и незадоволство заради нарушениот внатрешен баланс, потребата за контрола и фактот дека она што ни го носи животот далеку ги надминува нашите “контролирачки“ капацитети. Во случајот на индиректната поврзаност помеѓу анксиозните состојби и депресијата се работи за депресивност од накалемена природа, манифестирана со незадоволство и склоност кон социјално повлекување предизвикано од фрустрацијата која ја генерира примарната состојба, т.е. несаканите напливи на анксиозност. Значи, во овој случај зборуваме за депресивно распололжение од второспепена природа, депресивност која не е депресија како дијагностички ентитет во вистинската смисла на зборот и која не е секогаш јасно препознатлива.

Идеалниот пристап е психотерапија комбинирана со лекарства

Што се однесува до третманот, проблемот се третира и со лекарства и со психотерапија, т.е. вообичаено овие два елемента се неопходни и најчесто не одат еден без друг. Медикаментите се препорачуваат во поголемиот број случаи, а психотерапијата (психолошките разговори) се неодминлив дел на третманот во сите случаи, паралелно со медикаментозниот третман или и без него. Тоа би значело дека медикаментите не се неопходни во сите случаи, иако нивната примена денес е многу честа, но психотерапиското советување мора секогаш да се преземе за да се постигне вистински успех.

Како сами да си помогнеме

Според различните психотераписки методи се добиваат и различни насоки за самопомош. Најчесто се работи за техники при кои се стреми да се постигне свесност за безопасноста на симптомите на анксиозност по актуелното телесно здравје, заедно со пренасочување на фокусот на мислите кон надвор, т.е. настрана од преокупираноста со сопствените симптоми, преку техники за визуелизација, само-смирување со контрола на сопственото дишење, форсирано издишување, дишење во хартиени ќесички заради спречување на хипервентилација и слично. Позната е и техниката на т.н. парадоксна интенција, при која пациентите се инструираат да си дадат “наредба“ да ги засилат симптомите на анксиозност кога ќе ги почувствуваат, наместо да се обидуваат да ги смират истите со било каков вид на самоконтрола. Сепак, бидејќи различните техники за самопомош можат да бидат контрадикторни, најдобро е прво да се побара професионална помош, а техниките за самопомош да бидат водени во рамките на психотерапискиот процес.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!