Кога вашето дете доцни со развојот

Развојно доцнење е состојба кога детето нема развојни достигнувања соодветни за возраста. Благите развојни доцнења често сами по себе се губат и детето едноставно го надоместува заостанувањето преку позитивната стимулација од својата околината. Д–р Анета Демерџиева, педијатар, објаснува, сериозното развојно доцнење укажува на постоење на нарушување во развојот или т.н. атипичен развој.
Третман на воспалени крајници кај децата

Воспаленијата на крајниците се чести во есенскиот период, кога почнува школската година и децата престојуваат во градинките. Според д-р Александар Лазаревски оториноларинголог најчеста причина за отстранување на крајниците се повторувачки акутни воспаленија на грлото (клиничките насоки се пет или повеќе акутни воспаленија на крајниците во текот на една година) или хронични воспаленија на крајниците со перманентна болка во грлото.
Д-р Обочки: Антибиотиците не делуваат при грип

Зимата е период кога граѓаните се подложни на настинка и грип. Најпогодена група од популацијата кај која се појавуваат симптоми на грип се децата. Првата станица каде треба да се обратите се лекарите, кои ќе ви објаснат за симптомите и начините на лекување, а ќе ви дадат и совети за превенција и заштита од ширење грип. На оваа тема разговараме со доктор Катерина Обочки, педијатар, пулмоалерголог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Задолжителни прегледи за 2019 година

Одржувањето на здравјето е првиот чекор за долг и квалитетен живот. Тоа што секој од нас треба да го направи на почетокот на годината е план на прегледи, кои задолжително треба да се направат согласно возраста. Навременото откривање на ризик факторите и нивна контрола можат да го спасат вашиот живот.
Виното го намалува ризикот од срцев удар

Многу студии потврдиле дека умерено конзумирање на вино значајно ја намалува смртноста од кардиоваскуларните заболувања. За благотворното дејство на виното знаел уште и Хипократ, кој го користел како антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на исхрана.
Напнатост и стрес пред празниците

Празничниот стрес може да се манифестира на различни начини – претпразнична напнатост или загриженост за тоа како ќе помине празникот, страв од патување, страв од социјализирање, конфликти врзани за изборот на начинот или местото каде што ќе се помине празникот, напнатост при средбите со поширокото семејство, напнатост пред завршувањето на празникот и сл.. Од психички аспект посебно е интересен „синдромот“ на годишнините.
Аерозагадувањето е поттикнувачки фактор за многу заболувања

Повеќе од 2.500 луѓе умираат годишно во Македонија поради загадениот воздух! Алармантните бројки, аерозагадувањето го прават “тивок убиец”, рамо до рамо со другите тешки заболувања. Бројките се уште пострашни на светско ниво. Според Светската здравствена организација, аерозагадувањето за една година убива околу пет милиони луѓе глобално. Проценките се дека од десет луѓе, само еден дише […]
Над 350 милиони луѓе во светот заболени од дијабетес

Шеќерната болест незапирливо се шири во речиси сите земји во светот. Според некои проценки, во моментов бројот на заболени изнесувa околу 387 милиони луѓе, a во 2035 година таа бројка се очекува да се покачи на фрапантни 600 милиони. До 2030 година 1 од 10 возрасни ќе боледува од дијабетес. Минатата година во светот починале околу 5 милиони луѓе од дијабетес и неговите компликации. Според IDF (Интернационална дијабетолошка федерација), Македонија е една од земјите со висока преваленција на болеста, од околу 10%. Тоа значи дека во земјава имаме околу 150.000 до 200.000 заболени од дијабетес. На најчестите прашања за дијабетесот разговаравме со проф. д-р Чедомир Димитровски, ендокринолог.
Револуционерен третман на зголемена простата

Простата е дел од репродуктивниот систем на мажот. Ако во младоста и во зрелото доба таа е дел од сексуалностa на мажот, во поодминатите години на животот таа станува неодминлив здравствен проблем безмалку на секој маж. Токму поради ова грижата на мажот за оваа мала жлезда во форма на костен, сместена под мочниот меур, чија улога е да лачи бистар „сок“ кој е дел од семената течност при ејакулација, е оправдана. На најчесто поставуваните прашања за проблемот со зголемена простата разговаравме со проф. д-р Љупчо Лековски, хирург уролог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Топ 5 здравствени прегледи за мажи

Да ги натерате мажите да одат на лекар е многу тешко. Тука се истражувањата да го потврдат истото. Според нив, ретко кој маж одлучил да појде на доктор за да го провери своето здравје. Драги мажи, запомнете, вредноста и квалитетот на секој превентивен преглед се состои во тоа да ги дијагностицира болестите навреме, како и да ви понуди препораки за промена на животниот стил, навиките, начинот на исхрана и да ви посочи патеки за поуспешно „управување“ со вашето здравје. Докторите од „Аџибадем Систина“ советуваат кои прегледи задолжително мора да ги направи секој маж.