Миењето на раце го чува вашето здравје

Миењето раце е најлесниот начин да се заштитите од инфекција. Тоа е еден од најдобрите начини да се спречат болестите и нивното ширење. За да ги измиете рацете потребно е само сапун и чиста вода или средство за дезинфекција на раце на база на алкохол – средство кое се употребува без вода.

Кога треба да ги миете рацете?

Со допирањето на луѓе, површини и предмети во текот на денот бактериите се пренесуваат на рацете. Со микроорганизми можете да се инфицирате доколку ги допрете очите, носот или устата. Иако е невозможно да ги избегнувате целосно бактериите, доколку ги миете често рацете можете да се заштитите од бактериите, вирусите и другите микроорганизми.

Интервју со д-р Марјан Димитровски, кардиолог – Кардиоваскуларните болести се епидемија на 21.век

Зошто сè почесто се зборува за кардиоваскуларните заболувања и зошто е зголемен трендот на нивна појава?

Кардиоваскуларните болести се болести на срцето и на циркулаторниот систем  и според клиничките манифестации може да се поделат како болести на срце или исхемични болести на срце, цереброваскуларни болести и болести на периферната циркулација. Според овие клинички манифестации имаме и различни симптоми. Фрапантните бројки на пациенти кои секојдневно се дијагностицираат со болест на кардиоваскуларниот систем е аларм дека мора да се направат напори за намалување на појавата на истите. Повеќе од 50 % од светската смртност отпаѓа на овие болести, околу 17 милиони годишно пациенти умираат од кардиоваскуларни болести во светот или во Европа околу 6 милиони годишно.

проф. д-р Александар Николиќ: Со вградувањето на вештачко срце докажавме како болница дека сме спремни за врвни дострели во кардиохирургијата!

“Вградувањето на вештачко срце е голем чекор за македонската кардиохирургија и целиот здравствен систем воопшто. Сега отвораме простор и други пациенти да добијат вештачко срце, што ќе им го продолжи животот додека не најдат донор на срце. Оваа интервенција треба да значи почеток и на други работи што треба да се случуваат во земјава, како […]

Што се случува во нашето тело при покачен крвен притисок?

Хипертензија или висок крвен притисок преставува голем здравствен проблем. Најчесто се јавува кај повозрасната популација, но со модерниот начин на живот, исхрана, стрес сè почесто од оваа болест заболуваат помладите.

Што предизвикува хипертензијата?

Нормалниот крвен притисок се движи до 120/80, доколку резултатите ја поминуваат оваа граница, со тек на време можат да укажуваат на хипертензија. Во повеќето случаи главната причина за хипертензија не е позната. Повисокиот број односно (систолен) го покажува притисокот додека чука срцето, а понискиот број (диастолен) го мери притисокот во паузите помеѓу отчукувањата. Понекогаш, заболувањата во бубрезите или надбубражната жлезда можат да доведат до хипертензија.

Магнезиум за здраво срце

Калиумот е важен за здравјето на мускулите, но дали знаете дека магнезиумот е важен за здравјето на срцето? Тој е есенцијален минерал кој помага и за здравјето на коските, нервите и мускулите, како и за контрола на шеќерот во крвта. Освен овие придобивки, магнезиумот е од суштинско значење за срцевиот ритам и одржување на нивото на крвен притисок.

Зошто пливањето е идеален спорт за секое дете?

Пливањето претставува единствената физичка активност со која треба да се запознае секое дете уште во најраната возраст. Тоа е спорт кој се изведува во вода, и буди убави и среќни емоции кај децата. Насекаде во светот пливањето е задолжителен предмет во основното образование, кој овозможува кај децата да се развијат и усовршат пливачките техники, а воедно и да се оспособат децата сами да се одржуваат на вода.

Консумирајте свежо сезонско овошје

Природата ни овозможува преку целата година да се храниме правилно, несебично нудејќи ни ги своите прекрасни плодови кои секогаш ни се на дофат. Се работи само за тоа дали сакаме или не сакаме да ги вкусиме во целост придобивките од истите. Многумина се сведоци дека лошите навики не е лесно да се сменат. Полесно е да посегнеме по нешто што набрзина ќе нè засити, нешто што ќе го подготвиме за десетина минути, не размислувајќи колку лоша услуга си правиме, особено кога се во прашање нашите деца. Или секој нареден пат си велиме – само уште денес, немам време во моментов за да приготвам нешто здраво.

Исхрана по породување

Преубавото патување и доживување по доаѓањето на новиот член во семејството ќе ви биде многу полесно доколку добиете квалитетни и едукативни совети и препораки за правилна исхрана по породувањето. Така уживањето ќе биде целосно. Совет за тоа како да се храните по породување побаравме од д-р Александра Хаџи-Димова, диетолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Авокадото го намалува холестеролот

Нутриционистите го класифицираат како храна која претставува вистинска нутритивна бомба. Дали сте знаеле дека содржи повеќе од 20 витамини и  минерали и состојки кои ја блокираат апсорпцијата на холестеролот во телото? Покрај тоа, содржи и антиоксиданси, кои имаат улога во превенција на малигните болести и болестите на срцето.

Хипоспадијата кај машките деца се забележува уште во бременоста на мајката, ИНТЕРВЈУ, ПРОФ. Д-Р МИРОСЛАВ ЃОРЃЕВИЌ

Хипоспадија е една од најчестите аномалии кај машките деца и спрема статистиката, се смета дека едно на 150 машки деца се раѓа со хипоспадија. Среќа е што во денешно време, таа аномалија се препознава веднаш по раѓањето на детето. Родителите се многу загрижени, бараат информации на интернет кои дополнително ги вознемируваат. Но, сакам да порачам дека нема […]