Храна за совршена кожа

Дали сте уморни од користењето скапи и неефикасни козметички производи за нега на вашата кожа? Сега е време кога треба да се ослободите од сите тие производи и да почнете да консумирате здрава храна за совршена кожа. Изборот на храната која секојдневно ја внесувате во организмот во голема мера се одразува и на изгледот на вашата кожа. Во продолжение ви нудиме листа на состојки кои треба секојдневно да ги имате на вашето мени.
Навреме подгответе се за маратонското трчање

Маратонското трчање претставува една од најисцрпувачките спортски дисципини. Како и кај останатите спортови така и кај маратонот подготовките траат подолг период, со цел постигнување на подобри перформанси. За време на подготовката особено се внимава да не настанат повреди на мускулоскелетниот систем. За тоа како треба да се подготвите пред маратонот, но и како да се вратите во форма потоа разговараме со д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ, физијатар во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.
Интервју: Проф. Д-р Небојша Тасиќ – Кардиолог: И младите жени се изложени на ризикот од инфаркт

Кардио-васкуларните проблеми се модерна болест на денешницата, а жените, особено во периодот на пост-менопауза се изложени на поголем ризик од срцев и од мозочен удар. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ минатата недела беше отворен првиот HISPA центар во Македонија. Клучната разлика по која овој центар е единствен во земјава и во регионот е персонализираниот пристап во намалувањето […]
Дијабетес и оштетување на бубрезите

Една од многу честите компликации на дијабетесот е дијабетската нефропатија, болест што ги напаѓа бубрезите, се развива многу бавно и трае со години. Ова заболување претставува една од водечките причини за откажувањето на работата на бубрезите. Процентот на заболени е многу голем, па кај еден од вкупно тројца пациенти со дијабетес ќе се појави и оштетување на бубрезите. Д-р Љупчо Стојковски, нефролог, објаснува пациентите кои имаат нефропатија најчесто ги чувствуваат следниве симптоми: појава на отоци на нозете, а може да се прошират и по целото тело, покачен крвен притисок, слабост, повраќање, главоболки, болки во грбот.
Навики кои можат да предизвикаат запек

Доколку некогаш сте имале запек, знаете за колку незгодна состојба се работи. Иако лаксативите краткорочно можат да помогнат, менувањето на некои животни навики можат да го реши овој проблем засекогаш. Набројуваме неколку навики кои треба да ги искорените со цел да го подобрите вашето дигестивно здравје.
Неактивноста и запекот
Доколку не сте доволно активни и не вежбате, не само што ќе ја зголемите телесната тежина туку ќе влијаете и врз варењето на храната. Пасивниот и седечки начин на живот е работа која многу треба да ве загрижува. Сè уште не е прецизно докажано зошто, но гастроентерохепатолозите велат дека неактивноста предизвикува запек.
Како настанува Даунов синдром (ИНТЕРВЈУ)

Дауновиот синдром е една од најстарите болести запишани во историјата на човештвото. Станува збор за хромозомска болест – нарушување на бројот на хромозомите. Во 2000 година мапиран е генетскиот код на хромозомот 21 и откриени се 29 гени на тој хромозом кои се причина за самата болест.
За тоа како настанува разговаравме со д-р Маринела Василевска, шеф на Цитогенетска лабораторија во „Аџибадем Систина“ каде со кариотипизација се детектираат евентуалните хромозомски абнормалности.
Алергиски ринит – хронично воспаление на носната лигавица

Алергиските болести се во постојан пораст, особено во високоразвиените земји. Се смета дека секој втор жител на Европа има некоја алергиска манифестација, а најчесто (15 – 30% од случаите) тоа е алергиски ринит. Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог во Клиничката болница „Аџибадем Систина” објаснува дека алергискиот ринит е хронично воспаление на носната лигавица, кое се манифестира со симптоми слични на настинка како назална секреција. Назална конгестија, кивање и чувство на тежина во синусите. Ваквите симптоми се предизвикани од алергиска реакција на алергени како полените, домашниот прав, животинските влакна и сл. Кај дел од пациентите симптомите се присутни во тек на целата година, додека кај други состојбата се влошува во одредени периоди од годината (пролет, есен).
Сè за синусите

Синусите се шуплини во коските на лицето и постојат четири пара синуси. Фронталните синуси се над очите, во пределот на веѓите, максиларни се во внатрешноста на секоја од јаболчните коски, етмоидните се сместени над коренот на носот и меѓу очите, а синоидните во горната регија на носот и зад очите. До нивно воспаление најчесто доаѓа поради вируси и бактерии, алергенти и надрзанувачки хемикалии, а најретко габите. Поради зголемено присуство на овие микроорганизми доаѓа до задебелување на слузницата, па синусите, кои, инаку, се тесни, отежнато се празнат.
Аневризма на мозок

На местата каде се делат големите крвни садови во мозокот може да постојат „темпирани бомби“ аневризми, кои никогаш не се знае кога ќе „експлодираат“. Аневризмите или проширената артерија најчесто се вродени аномалии што може да се присутни подолго време кај пациентот, а тој да не чувствува никакви симптоми. Според проф. д-р Јовица Угриновски, неврохирург, аневризмата многу ретко може да се дијагностицира на рутински прегледи бидејќи не манифестира никакви симптоми. Во голем број случаи се открива кога ќе прсне и прокрвави, а ваквата состојба е опасна по животот за пациентот.
Брз и безбеден медицински транспорт

Современо возило комплетно опремено за сите видови на траснпорт, специјализизран тим доктори, достапност 24/7, транспорт на критични новороденчиња во земјава и надвор. Д-р Ивица Димитров, анестезиолог ги објаснува главните карактеристики на медицинскиот транспорт во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.