Неколку совети за вежбање во затворена просторија

Временските услови не секогаш дозволуваат вежбање во природа, па понекогаш вежбањето во затворена просторија е единствена опција. Но, тоа не треба да ве обесхрабри.
Еве неколку идеи кои ќе ви го направат тренингот во затворена просторија поинтересен:
Една чаша топла вода наутро, одличен потег за вашето здравје

Првата работа што треба да ја направите наутро е да внесете една чаша топла вода. Еве и зошто?
Топлата вода го подобрува дигестивниот систем. Грчевите и подуеноста најчесто се предизвикани од недостиг на вода во организмот. Затоа, една чаша топла вода наутро, на празен желудник ќе ја поттикне работата на цревата и ќе му помогне на организмот нормално да функционира.
Храна добра за мозокот на децата

Како децата истрчуваат од училишните клупи и се префрлуваат на нивните домашни активности, така се зголемува активноста на нивните мозоци и тие драматично растат и се менуваат.
Овие години се критични за развојот на мозокот, а тоа што тие го јадат влијае врз нивната концентрација и вродените вештини.
Храната е еден од многуте фактори кои влијаат врз развојот на мозокот.
Еве неколку јадења кои добро влијаат врз бистрината и концентрацијата на детето, и кои се добри за понатамошниот развој на мозокот.
Социјалната поддршка, клучен фактор во заздравувањето од срцев удар

Истражувањата покажуваат дека помладите пациенти потешко заздравуваат од срцев удар доколку немаат поддршка од семејство или пријатели кои ќе им помогнат да продолжат понатаму.
Младите и средовечните луѓе кои имаат преживеано срцев удар ќе имаат ослабено здравје и слаб квалитет на живот доколку имаат малку членови во семејството или пријатели кои би им ја дале потребната поддршка во процесот на заздравување, се вели во едно истражување.
Предијабетес: Неколку чекори кои треба да ги преземете веднаш

Што треба да направите за да не дозволите предијабетесот да се претвори во дијабетес?
Доколку ви е дијагностициран предијабетес, значи дека состојбата е алармантна, но тоа не значи дека сигурно ќе премине во дијабетес. Сѐ уште има време да ги смените работите.
Ова е можност да промените некои животни навики со кои ќе го намалите прогресирањето на дијабетесот, па дури и ќе ја спречите неговата појава.
Колку време можете да ја чувате храната во фрижидер по истекот на рокот?

Стоите пред фрижидерот гледајќи во рокот на траење на храната и во дилема сте дали да ја фрлите или да ја изедете.
Еве неколку правила во врска со безбедноста на храната:
Со правилна нега против црвенилото на лицето

Црвенилото на лицето може да биде непријатно, но тоа не значи дека е проблем што не може да се реши. Првиот чекор кон тоа е дијагнозата од дерматовенеролог која треба да се побара што поскоро штом се почувствува проблемот.
Луѓето на чие лице често се појавува црвенило и се румени не значи дека се премногу срамежливи, тие едноставно имаат проблем со црвенилото на лицето. Појавата на црвенило е многу често и непријатно, карактеристично за луѓето кои имаат тенка и ранлива кожа. За да се спречи навреме овој проблем и полесно да се лекува, тој треба да биде дијагностициран што порано. Што е црвенило на лице и како се лекува разговаравме со д-р Весна Пљакоска, дерматовенеролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Брзо и ефикасно до бисерна насмевка

Сакале да признаете или не, со текот на годините вашите заби освен што го менуваат изгледот ја менуваат и бојата. Во нашите гени е запишано каква ќе биде бојата на коската на забите и нивната цврстина, па некои луѓе имаат потемна нијанса на забите, додека кај останатите потемнувањето се должи на стареењето, на храната што ја јадеме, на лошите навики како пушењето, пиењето црвено вино кафе, чај.
Моќта на морската сол

Природната морска сол е здрава и има тераписки својства. Пред да ви откриеме некои од нејзините својства морате да го знаете податокот дека таа настанува како резултат на природните процеси на испарување на солената вода, при што сите нејзини состојки остануваат сочувани. Морската сол благодарение на повеќе од 80 елементи во својот состав делува чудотворно на здравјето на кожата и косата.
Што треба да знаете за Омега 3 масните киселини

Зошто се викаат добри масти?
Сите масти не се штетни. Омега 3 масните киселини се „добри“ масти. Помагаат во намалувањето на ризикот од појава на срцеви заболувања, депресија, деменција и артритис. Вашето тело може да ги создаде. Можете да ги внесете преку исхраната или да земате суплементи.
Постојат 3 типа Омега 3 масни киселини
Омега 3 мастите се јавуваат во три форми. DHA и EPA, кои може да ги внесете со конзумирање риба, се од големо значење за здравјето. Третиот тип, познат како ALA, се наоѓа во растителните масла, ленено семе, ореви и темно лиснат зеленчук како спанаќ.