Со еден чекор до бујна коса

Револуционерната FUE метода е златен стандард во светот за решавање на проблемот со ќелавоста. Оваа интервенција за трајно излекување на ќелавоста за прв пат во земјава е направена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. За сѐ што е поврзано со FUE методата одговор ни даде д-р Андреј Петров од Одделот за дерматологија.
5 методи кои ја враќаат надежта за бебе

Благодарение на асистираната репродукција, до сега во светот се родени околу три и пол милиони бебиња. Од 1978 година, кога е направено првото ин витро оплодување и е родена Лујза Браун, до денеска е очигледен огромен напредок на овие техники. Асистираната репродукција се дефинира како „спојување на јајце клетка и сперматозоид со наjдобар квалитет и трансфер на најдобриот ембрион во матката на жената.“ Изборот на ембрион и негов трансфер во матката е процедура која бара добар тим и тимска работа. Д-р Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција, во продолжение ги објаснува 5-те методи и фактори кои ги зголемуваат шансите за успешно ин витро.
Како да се заштитите од сончаница и топлотен удар?

Летната жега и тропските температури може да предизвикаат сериозни тегоби кај потполно здравите лица. Сончаницата и топлотниот удар се главните непријатели во летото. За 10-15 дена додека сме на море и додека се трудиме што повеќе да уживаме во убавините на морето, езерото или реките не знаеме колку нашиот организам е подготвен да го прифати сето тоа? Што треба да направиме доколку претераме со изложување на сонце? – одговор на ова прашање ни даде д-р Татјана Чепреганова-Чанговска, специјалист по неврологија.
Скок во непозната вода парализира минимум едно лице годишно

Само еден скок во вода комплетно може некому да му го смени животот. Ова е реченицата со која трауматолозите ја почнуваат приказната за нивните пациенти кои, по тешки повреди на ‘рбетниот столб, останале комплетно парализирани. “Во еден миг сe е убаво, луѓето уживаат во летото, плажата и во водните лудории, а веќе следниот може да биде кобен. Не секој скок во вода е страшен и не секој скок во вода значи дека задолжително ќе се повредите. Но се случува ако скокаат на непознат терен каде што не знаат што има на дното или какви карпи има под водата, место посакуваното уживање, со темето да удрат во тврдата подлога. Во зависност од тоа колку е плитко местото, каков е ударот, со колкава тежина е човекот, најчесто доаѓа до пукање на ‘рбетниот столб”, вели проф. д-р Јордан Савески, хирург трауматолог и шеф на Спиналниот центар.
Како да се победи болката во грбот?

Ризикот од хронични заболувања кај канцелариските работници e поголем. Иако ова звучи многу интересно и иако голем дел од популацијата не го разбира сериозно, последните статистички податоци се застрашувачки. Дури 40% од канцелариските работници се изјасниле дека седат околу 8 часа на своето работно место, 28% дека седат 6 – 8 часа на работно место, 25 % се изјасниле дека седат 4 – 6 часа на работното место. Сето ова и не би било толку страшно доколку не се следи уште една статистика според која работоспособното население од 20 до 62 години кое седи повеќе од 4 часа на своето работно место има двапати поголеми шанси да заболи од т.н. седечки синдром од другото население. За најчестите проблеми од овој синдром одговор ни даде Дејан Парцанов, физиотерапевт во Клиничка болница „Аџибадем Систина“.
Фрактури на карлица

Карлицата е прстенеста коскена структура составена од две крила. Основна улога е да ги заштити органите кои се сместени во неа. Тука спаѓаат дисталните органи на дигестивниот и генитоуринарниот тракт, како и крвните садови и нервните стебла кои се сместени во неа. Проф. д-р Јордан Савески, трауматолог, објаснува покрај заштитната улога, карлицата има и многу важна улога во пренесување на силите на оптоварување и држење на `рбетниот столб во исправена и седечка позиција.
Невралгија – болка како последица на оштетен нерв

Невралгијата е мошне силна и неподнослива болка која е понекогаш придружена со отрпнување на дел од лицето или телото. Овој тип болка настанува како последица на директно оштетување на нервот. Во зависност од тоа кој нерв е зафатен и што е причината на оштетувањето/надразнувањето на нервот, зависи и местоположбата на болката. Болката се појавува во инервационото подрачје на нервот.
Избришете ги брчките од вашето лице

Брчките на кожата најчесто се првиот знак на стареење или, пак, знак дека вашата кожа реагира на надворешните фактори. Нивната појава не може да се спречи, но со правилна грижа и нега на кожата, нивното појавување значително може да се одложи. Со текот на годините кожата старее, се намалува еластицитетот и почнуваат да се создаваат брчки околу лицето.
Д-р Александра Хаџи-Димова – Изборот на здрави намирници не значи и правилна исхрана

Со диетологот д-р Александра Хаџи-Димова, од одделот за диетологија и нутиционизам на Клиничка болница „Аџибадем Систина“, разговаравме за правилната исхрана, нутриционистички принцип, за диетотерапија и за многу други важни аспекти кои што ги проучува диетологијата. Современиот човек денес има избор кој тип на исхрана ќе одлучи да го применува. Кон неговата одлука влијаат бројни релевантни нутриционистички и лекарски ставови или пак искуства од луѓе кои заради различни причини, прифатиле еден од овие начини на исхрана и со популаризација на истата, влијаат врз одлуката на останатите. За многуте заблуди поврзани за храната, како и за многу важни прашања поврзани со правилната исхрана, разговаравме со диетологот д-р Александра Хаџи-Димова, дел од стручниот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Скрининг програма на белодробен карцином достапна само во „Аџибадем Систина“

Карциномот на бели дробови е водечки карцином според бројот на смртни случаи. Причина е доцната дијагноза. Скринингот, кој е редовна пракса во повеќе земји, е најдобар начин за навремена дијагноза. Откривањето во почетен стадиум значително ги зголемува шансите за излекување. Во продолжение проф. д-р Зоран Трајковски, радиолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува повеќе за скрининг програмата за овој вид канцер.