Шест чекори до помлад изглед

Многу често им завидуваме на оние кои изгледаат неколку години помлади од што се. Верувале или не, но со помош на современата технологија и знаењето на стручните медицински лица процесот на стареење може да се забави или одложи. Едноставно, посветете си малку повеќе време и грижа за својот изглед и времето ќе застане. Еве 6 совети од докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Како пушењето влијае на вашето здравје?

Најчесто од навика, но и кога се под стрес луѓето пушат со надеж дека цигарата ќе ги смири или опушти. Со текот на времето кај луѓето се создава навика од никотин и едноставно не можат без цигари. И најсилните карактери попуштаат пред ова мало задоволство поради кое страда најбитната работа во животот – нашето здравје! Пушењето во моментов  е водечка смртна закана која покрива дури 25 проценти од вкупниот број на смртни случаи. Оваа лоша навика влијае фатално врз секој орган од човековото тело и предизвикува многу болести. Дознајте ги штетни последици ги предизвикува пушењето, но и придобивките кои ќе ги почувствувате доколку се откажете од оваа лоша навика.

Дали го прегледавте вашето срце?

Кардиоваскуларните болести и понатаму остануваат на врвот на најчести причинители за смртност во земјава и светот. Кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања има причинители кои едноставно не зависат од нас, но постојат и навики кои можете да ги промените и да ги намалите ризиците од можност за срцево заболување. Првата и основна работа што треба да ја запомните е редовната посета на кардиолог, па дури и тогаш кога немате никаков проблем. За тоа кога  е време да го прегледате вашето срце разговаравме со тимот на кардиолози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Стоматолошки интервенции со целосна анестезија за деца со пречки во развој

Врвниот тим стоматолози посветува посебно внимание на оралното здравје на децата со современи стоматолошки услуги. Покрај стандардните процедури, Одделот за стоматологија во „Аџибадем Систина“ овозможува мултидисциплинарен пристап во третманот на децата со пречки во развојот. Заедно со анестезиолозите, интервенциите се изведуваат во општа анестезија. Пред третманот се прави анестезиолошки преглед. По прегледот детето се упатува во специјално опремена стоматолошка ординација, каде се спроведува третманот.

9 совети како да се справите со летните горештини

Во следните неколку дена територијата на Македонија ќе биде зафатена од екстремно топол бран, а температурите ќе достигнат и над 35 степени. Докторите советуваат да не се излегува на отворено од 10 до 17 часот, да се пијат големи количини течности, да се внимава во исхраната, како и со облеката, која треба да биде лесна и во светли бои. Прочитајте ги нашите совети како да се справите со летните горештини.

ХПВ и ризикот од цервикален карцином

Хуман папилома вирусот (ХПВ) е најчеста вирусна инфекција на репродуктивниот систем. Најголем дел од сексуално активни жени и мажи може да бидат инфицирани и реинфицирани со вирусот во одреден период од животот. Инфекцијата со ХПВ најчесто спонтано регредира, но кај секо­ја жена постои ризик да стане хронична, да предизвика промени на клетките на цервиксот (грлото на матката), т.н. преканцерозни лезии кои доколку не се детектираат и третираат, ќе преминат во инвазивен карцином, нагласува д-р Корнелија Трајкова, гинеколог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Се смета дека за развој на карцином кај жена со нормален имунолошки систем се потребни 15-20 години, а 5 до 10 години кај жени со намален имунолош­ки систем, како на пример нетретирана ХИВ-инфекција.

Естетска корекција на истакнати уши

Корекцијата на ушите е хируршка интервенција со која се коригира положбата и обликот на ушните школки кои се премногу истакнати и одвоени од главата, односно кога станува збор за т.н. клемпави уши. Најдобар период за корекција на ушите е во детската возраст, кога ’рскавицата е помека и лесно се моделира. Хируршката интервеција се изведува под општа или локална анестезија.

Симптоми за кои мора да се консултирате со доктор

Болката во градите, губењето воздух, повредите во пределот на главата и честото повраќање се само дел од симптомите за кои е неопходно да се консултирате со вашиот доктор. Тој ќе ги направи сите потребни испитувања и ќе одлучи дали ситуацијата е сериозна и ви е потребен третман. Во продолжение дознајте кои се најчестите симптоми за кои ви е неопходен преглед од доктор.

9 причини зошто да се одлучите за дентални импланти

Eдна од најчестите дилеми кои ги имаат пациентите е како да ги заменат изгубените заби. Стоматолозите од „Аџибадем Систина“ ве советуваат дека најдобро решение за тоа се денталните импланти. Во продолжение ви нудиме 9 причини зошто да се одлучите за импланти.

Д-р Светлана Крстевска-Блажевска: Срцеви нарушувања кај новороденчиња

Клиничката слика на срцевите мани зависи од типот и тежината на срцевата грешка, на оваа тема разгорававме со д-р Светлана Крстевска-Блажевска педијатар во Клиничката болница Аџибадем Систина. Конгениталните срцеви малформации се едни од најчестите конгенитални малформации. Кај живородените деца се јавуваат со застапеност од 1%. Преваленцата на 1000 живородени се движи 4,5-9,8 во различни држави. Во Република Македонија преваленцата е околу 7 нови кардиопатии на 1000 живородени новородени. Причина за 25% од егзитирани доенчиња се конгенитални малформации, а 1/3 од нив им припаѓаат на срцевите грешки.