Како најмладите безбедно да уживаат на сонце?

Наближувањето на летото буди пријатни чувства асоцирани со долгите сончеви денови, релаксираност, море, плажа, пријатни мигови поминати на отворен простор. На летото и водата најмногу се радуваат најмладите, а родителите се соочуваат со многу прашања во врска со сончањето. Дали и колку е безбедно изложување на малечките на сонце? За овие прашања побаравме одговор од доктор Симонида Спасевска – педијатар во „Аџибадем Систина“.

Метеопатија – најчеста болест на модерното општество

Помните ли кога вашите баби и дедовци се жалеа на главоболка, болки во коските и зглобовите поради промена на времето? Денеска речиси сите реагираме на неповолните временски влијанија. Сведоци сме на нагли климатски промени кога температурата во текот на едно деноноќие се менува за 15 – 20 степени. Пролетта и есента траат неколку денови, или воопшто ги нема, па од зима директно влетуваме во лето и обратно. Експертите предупредуваат дека осетливоста на временските промени може да стане најчеста болест на модерното опшество. 

Професионален третман на предвремено родени новороденчиња

Одделот за неонатална интензивна нега во „Аџибадем Систина” е исправен пред најголемите и најсуптилни предизвици во медицината да се спасат животите на критично болните новороденчиња, но и на најмалите предвремено родени деца. За успешното работење на единствениот оддел од ваков тип во приватните болници во земјава и регионот разговаравме со д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.

5 совети за превенција на дебелото црево кај лицата под 50 години

Иако карциномот на дебелото црево генерално не се смета за болест на младата популација, изминативе дваесет години значително е зголемен бројот на регистрирани случаи на светско ниво на возраст помеѓу 20 и 49 години. Возраста не е клучниот фактор за појава на малигна болест, па затоа експертите посочуваат дека секој треба да внимава на своето здравје и да се придржува до советите за водење здрав начин на живот.

Причини за предвремено породување

На светско ниво предвремено родени се околу 10% од бебињата, или од десет деца едно се раѓа предвреме. Предвремено породување значи секое породување што настанало пред комплетна 37. гестациска недела. Процентот на недоносени деца постојано расте, ако пред 10 – 15 години беше околу 7-8%, сега статистиката достигна и до 10%. Стручните лица велат дека на ниво на Македонија тој процент е повисок, околу 12%. Причините за предвремено породување се делат во две групи: причини од страната на мајката и причини од страна на децата.

Нерегулиран крвен притисок

Современиот начин на живот наметна секој човек барем еднаш во животот да се соочи со состојбата на нерегулиран крвен притисок. Без оглед дали станува збор за висок или низок крвен притисок, состојбата не треба да се занемарува туку да се консултира лекар.Кога крвниот притисок е превисок може да предизвика оштетување на крвните садови. Eднакво опасна состој­ба е и нискиот притисок, кога недоволна количина крв доаѓа до органите. Крвниот притисок може да варира во краток временски период во одредени вредности, а варијацијата зависи од положбата на телото, бројот на вдишувања и издишувања, физичката активност, психичкиот замор, стресот. Кога се мери крвниот притисок всушност мериме две вредности, систола – притисокот кој го генерира срцето кога ја испумпува крвта во крвните садови и дијастола – притисокот во крвните садови меѓу две срцеви отчукувања. 

Цисти на јајчници

Најголем дел од жените ќе се сретнат со некој вид цистична промена на јајчникот во одреден период од својот живот, без да почувствуваат одредени симптоми. Најчести се функционалните цисти, кои се создаваат како последица на нарушување на нормалните циклични промени во јајчниците и во овулацијата. Настануваат доколку нормалните фоликули не успеат да прснат во текот на овулацијата, при што течноста останува и фоликулот продолжува да расте, со што настанува перзистентна фоликуларна циста. Според д-р Бобан Сарџовски, гинеколог акушер во Кли­ничката болница „Аџибадем Систина“, тие вообичаено исчезнуваат без никаков третман за неколку недели до неколку месеци. 

Како влијае стресот на нашиот организам?

Стресот е секојдневие, нешто кое не можеме да го одбегнеме во модерниот и брз начин на живот. Повремениот стрес е составен дел од нашите животи, но постојаната изложеност на стрес може да остави сериозни последици по организмот. Во продолжение прочитајте какви реакции може да предизвика на организмот…

Д-р Слободан Лазаревски – Сѐ повеќе жени под 30 години треба да замрзнат јајце-клетки

Уште со првите гинеколошки прегледи кај младите девојки треба да се прави и функционална проценка на резервите на јајниците, препорачува доктор Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, најуспешниот центар за ин­ витро во регионот. Неколку илјади нови бебиња создаде тимот доктори од Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ при клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тие донесоа среќа во семејства низ целиот свет, на родители кои успеале уште од прв обид за ин­ витро, но и кај такви чија упорност ги терала одново и одново да се обидуваат додека не добијат бебе. Статистиката на Одделот за ин витро фертилизација (ИВФ) повеќе од една деценија е еднаква со светскиот просек ­ – над од 12.000 циклуси, 4.500 живородени деца и клиничка бременост над 55 отсто.

Кои се задачите на медицинската сестра?

За време на вашата хоспитализација медицинската сестра е важен член на медицинскиот тим кој е задолжен за вашето здравје и безбедност. Професионалната грижа и нега на пациентите се нивно секојдневие. Низ годините се воведуваат нови протоколи на третман и здравствена грижа за пациентите, нови технологии, нови современи услови за работа. Но, хуманоста и желбата да се помогне на секој пациент се нераскинлив дел од оваа професија. Одговорноста и посветеноста кон пациентите се најбитниот сегмент на оваа професија. Задачата на медицинската сестра е секојдневно да го следи развојот на состојбата на пациентот, навремено да ги идентификува можните ризици, да подготвува терапија и е тука за него во секое време.