КОИ ЗНАЦИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ПОБАРА СТРУЧНА ПОМОШ ОД ДЕФЕКТОЛОГ
Децата често за време на својот развој покажуваат знаци што не одговараат на нормалниот развој за нивната возраст, така што овие знаци ја зголемуваат загриженоста кај нивните родители и семејството дека нешто не е во ред со нивното дете. Дефектологот Бољетин Зенуни, вели дека според неговото искуство, главни знаци кои се повидливи, кои алармираат и […]
МАСТЕКТОМИЈА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОЈКА ВО ЕДЕН АКТ
Третманот за лечење на рак на дојка бара мултидисциплинарен пристап и тимска работа на специјалисти од различни специјалности како радиолози, онколози, хирурзи и радиотерапевти кои врз основа на утврдување на сите фактори потоа планираат индивидуална програма за третман за секој пациент. „Најдобро е кога првиот чекор во третманот за лечење на рак на дојка е […]
АРИТМИЈАТА ГО ОСЛАБУВА СРЦЕТО
При физичка активност нормално е срцевиот ритам да се забрза, но постепено. Степенот на забрзување на срцевиот ритам зависи од физичката кондициска подготвеност на индивидуата. По физичката активност, срцевиот ритам постепено се враќа во нормални граници. Кај децата помали од 14 години, нормално е ритамот во мир да биде и поголем од 100 удари во […]
Карцином на тироидна жлезда
Тироиден карцином се појавува кога клетките во тироидната жлезда претрпуваат генетски промени (мутации). Најчесто се јавуваат како испакнување (јазол), кое на палпација може да се почувствува преку кожата на вратот, но може и да не се палпира доколку е со помали димензии. Јазолот може да варира во големината. Изграден е од клетки што се со […]
КАКО МОЖЕ РОДИТЕЛОТ ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕ ПРВИТЕ ЗНАЦИ НА АУТИЗАМ КАЈ СВОЕТО БЕБЕ?
Аутизмот е невробиолошки развојно нарушување кое се дефинира со постоење на абнормален или оштетен развој што се манифестира пред третата година од животот. Во денешно време, сè поголем е бројот на деца со дијагноза на аутизам што предизвикува уште поголем страв кај родителите. Како родител, никогаш нема да верувате дека вашето дете има проблем. Но, кога станува […]
ТРЕТМАН НА ИТНИ НЕВРОХИРУРШКИ БОЛЕСТИ И СОСТОЈБИ
Заболувањата од областа на неврохирургија имаат потреба од најбрз можен одговор. Во оваа група болести спаѓаат: мозочните крвавења, тумори, повредите на глава, повредите на грб, бессознание од нејасна причина и ред други. Медицинска нега при истите состојби мора да се спроведе во најбрз можен рок. Многу често исходот од третманот зависи од времето на давање […]
ЧУВАЈТЕ ЈА СВОЈАТА КОЖА, КОЖАТА ПАМЕТИ!
Во последните децении, инциденцата на меланом значително се зголемува низ целиот свет, а во месец мај, месецот на меланом, се одржуваат кампањи посветени на подигнување на свеста кај пациентите за рано и навремено откривање на ракот на кожата. Со рано препознавање на сомнителните промени на кожата во најраната фаза на болеста, шансите за излекување се […]
НОЌНО МОКРЕЊЕ КАЈ ДЕЦАТА – како полесно да се надмине
Ноќното мокрење најчесто се јавува кај деца над 5-годишна возраст и доколку нема и други придружни симптоми, со следење на препораките од стручно лице се надминува без тешкотии. Се смета дека ваквата состојба кај децата се јавува како резултат на дисбаланс, односно нарушување меѓу капацитетот на детрусорот на мочниот меур за време на ноќта и […]
Доживотен попуст за секое бебе родено во „Аџибадем Систина“
ПРИМАМЛИВИ ПАКЕТИ ЗА ИДНИТЕ МАЈКИ Новина е што за мајките следува специјален попуст од 30 отсто за постпородилно обликување на телото во Центарот за перфекција, а дополнително и специјален попуст од 20 отсто за користење на услугите во „Премиум центарот за здрав живот“. Деновиве Клиничката болница „Аџибадем Систина“ промовира специјални пакети за идните мајки со […]
ХИПОТИРОИДИЗАМ – БОЛЕСТ НА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА
Хипотироидизам е болест кога тироидната жлезда не лачи доволно тироидни хормони. Женската популација страда од хипотироидизам двојно повеќе од мажите. Лекувањето е успешно доколку болеста се дијагностицира навреме, порачува д-р Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. „Хипотироидизмот е состојба на недостиг на хормони на штитната жлезда во организмот или отсуство […]