Слушалките за уши имаат голема примена во секојдневниот живот кај многу луѓе.
Иако овие мали направи ни го разубавуваат денот со музика, истите може да предизвикаат проблеми со слухот. Еве како да го намалите ризикот.
Со малку напор може да најдете модели која ја исклучуваат надворешната врева за да не мора да ја засилувате јачината на звукот, или уреди кои го ограничуваат звукот до безбедни нивоа, што е особено битно, посебно за деца.
Балансирајте ја јачината, времетраењето и слушањето
Нивото на јачина и времетраењето се важни за безбедното користење на различните видови слушалки. Истражувањата покажуваат дека треба да постои баланс 80% јачина на звукот во времетраење од 90 минути е основното правило. Доколку слушате подолг период од препорачаните 90 минути, треба да ја намалите јачината.
Друго општо прифатено правило е да го запазите правилото 60/60 – користете ги слушалките 60 минути на 60 % јачина, а потоа направете пауза.
3 вида слушалки
Освен јачина и времетраење на слушањето, постои избор на слушалки. Постојат три типа слушалки, секоја со сопствен дизајн, предности и недостатоци.
1. Слушалките околу целото уво ја покриваат целата површина и се често подобри во исклучување на надворешната врева.
Предности и недостатоци:
• Подобар квалитет на звукот на пониска јачина
• Не се толку мали и лесни за носење
2. Ушните слушалки полесни се за носење.
Предности и недостатоци:
• Добри се кога сакате да зборувате на телефон додека возите
• Не ја блокираат надворешната врева во целост
• Луѓето често ја зголемуваат јачината до опасни нивоа
3. Ушните слушалки за изолација се најдобри при блокирање на надворешните звуци, но може да бидат опасни за луѓето кои џогираат и велосипедисти.
Предности и недостатоци:
• Гумениот врв го блокира звучниот канал, па надворешниот звук е намален
• Постои поголема веројатност да слушате музика на безбедно ниво
• Може да не го чуете предупредувањето или сигналите во сообраќајот
Без разлика за какви слушалки ќе се одлучите, останува правилото дека не треба да се плашите да потрошите малку повеќе пари за да добиете подобар квалитет.
Слушалките со повисок квалитет овозможуваат подобар и поприроден звук па помалку е веројатно дека ќе ја зголемите јачината за да го засилите тонот.
Тинејџерите и губењето на слухот
Голем проблем е тоа што повеќето уреди за слушање овозможуваат јачина на звук далеку посилна од препорачаните 85 децибели, особено за младите кои не се свесни за долгорочните негативни ефекти. Истражувањата покажуваат дека 12 до 15 проценти од тинејџерите имаат оштетен слух. Рана изложеност на врева резултира со повреди на средното уво што доведува до оштетување, кое се чувствува многу подоцна кога веќе е предоцна да се спречи. Силниот звук го старее увото 50 % побрзо. Кога ќе имате 50 години, ќе слушате како некој кој има 80.